Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/31492
Title: | Примена на 5Е методот во наставата по природни науки: DiSSI активности за екологија | Authors: | Катерина Русевска, Ламбе Барандовски, Владимир Петрушевски, Славица Тофиловска, Марина Стојановска. | Keywords: | 5Е, еколошка едукација, практична настава, биологија, DiSSI. | Issue Date: | 2023 | Publisher: | Сојуз на математичари на Македонија Природно‐математички факултет, Скопје | Source: | Катерина Русевска, Ламбе Барандовски, Владимир Петрушевски, Славица Тофиловска, Марина Стојановска. Примена на 5Е методот во наставата по природни науки: DiSSI активности за екологија. Зборник на трудови од Третата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, Природно-математички факултет, Скопје, 6-8 мај 2022, 224-228, (2023). | Conference: | Зборник на трудови Трета меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки Природно‐математички факултет, Скопје 6 – 8 мај, 2022 | Abstract: | Во овој труд се презентирани активности од областа на екологијата, област, која од една страна, е и актуелна и неопходна за 21. век. Од друга страна, екологијата е една гранка од биологијата, но со оглед на нејзината комплексност и разнообразност (ова се однесува пред сè на поврзаноста на екологијата со многу други научни дисциплини), претставува идеален пример во кој се покажува и поврзаноста на природните науки. Ваквата интердисциплинарност укажува и на неопходна потреба од тимска работа, која се применува и преку различни методски пристапи во поучувањето, меѓу кои спаѓа и 5Е методот. Во рамки на проектот „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“ (DiSSI), беа дизајнирани активности од екологија во кои може да се види поврзаноста на природните науки, но и нивното значење не само од научен аспект, туку и при примена во секојдневниот живот. Покрај тоа, за дел од активностите се наведени и други теми од наставната програма по биологија, каде прикажаните активности имаат примена. Чекорите во методот 5Е се „блиски“ до чекорите на едно научно истражување, со што научните постапки им се приближуваат на учениците на соодветен начин. На овој начин сметаме дека кај учениците, ќе се поттикне интересот за екологијата, а преку тоа и грижата за животната средина, што е особено важно да се постигне кај помалите ученици, во поглед на создавањето навики за грижа и одржливо искористување на природата, и секако тимската работа, како начин преку кој се доаѓа до споделување мислења, размена на идеи, отстранување на погрешни претстави и изведување правилни заклучоци. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/31492 |
Appears in Collections: | Faculty of Natural Sciences and Mathematics, Institute of Physics: Conference papers |
Show full item record
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.