Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/31049
Title: | Кризата предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и нејзините импликации во сферата на работните односи – мерки на „прва помош” за заштита на работниците од посебно ранливите групи | Authors: | Каламатиев Тодор Ристовски Александар |
Keywords: | Коронавирус COVID-19; работници од посебно ранливи групи; платени отсуства од работа; годишен одмор | Issue Date: | 2020 | Publisher: | Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје | Series/Report no.: | Зборник на Трудови; | Conference: | ОN-LINE АКАДЕМСКА РАБОТНА МАСА, „ПРАВНО-ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ДИСКУРС ВО ВРЕМЕ НА COVID COVID-19“ | Abstract: | Во периодот од усвојувањето на првите времени мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирусот COVID-19 во почетокот на месец март до денес, практиката покажа дека правната положба, сигурноста на работниот однос и приходите на одредени категории работници се под посебна закана и затоа е нужно да се преземат одредени, интервентни мерки во насока на превенција и ублажување на негативните здравствени, економски и социјални последици врз нив. Групата ги вклучува, но не се ограничува на следните категории работници: трите категории работници опфатени со времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирусот COVID-19 од 10 март 2020 (еден од работниците-родители на малолетни деца со навршена возраст до 10 години за кои е неопходна грижа; бремените жени и хронично болните лица), работничките на продолжено платено отсуство поради бременост, раѓање и родителство, работниците сместени во карантин или самоизолација, работниците кои се соочуваат со спогодбено раскинување на договорот за вработување (или т.н. бланко отказ од страна на работодавачот), работниците со договори за привремено вработување (работници вработени на определено време, сезонски работници и привремени агенциски работници) и други. Дел од овие работници (поточно, трите категории работници опфатени со времените мерки за заштита и работничките кориснички на платено отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство), беа опфатени и со Уредбите со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба (Сл.весник на РСМ, бр. 90 од 04.04.2020) и за примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.весник на РСМ, бр. 95 од 08.04.2020). Сепак, постоечките правни прописи со кои се уредува правната положба на овие категории работници се нејасни, нецелосни, а по одредени прашања и со сериозни индиции за повреда на уставно загарантирани права.Авторите на овој труд ги детектираат постоечките правни проблеми со кои се соочуваат претходно споменатите категории работници и предлагаат соодветни решенија за исправање на правните грешки и пополнување на правните празнини. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/31049 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Conference papers |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Зборник на трудови - онлајн академска дебата-1.pdf | 292.45 kB | Adobe PDF | View/Open |
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.