Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30171
Title: Каде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов?
Other Titles: Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ / Proceedings of the International Scientific Conference 100 th Anniversary of the Birth of Aco Šopov Faculty of Philology – Stip May 25-26, 2023
Authors: Мојсова-Чепишевска, Весна
Антоновски, Иван
Keywords: Македонија, Ацо Шопов, поезија, татковина, творечка фаза.
Issue Date: 2023
Publisher: Универзитет „Гоце Делчев“, Филолошки факултет, Штип
Source: Мојсова-Чепишевска, В и Антоновски, И. 2023. „Каде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов?“. Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“. Штип: Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, 97-108.
Conference: Меѓународна научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“, Штип, 25 и 26 мај 2023 година
Abstract: Препрочитувањето на последната книга на Ацо Шопов, „Дрво на ридот“ (1980), упатува кон согледба дека во неа, за првпат во неговиот опус дотолку експлицитно е сеприсутна Македонија – речиси во секоја песна. Но, тоа и ја отвора дилемата – каде е Македонија во поезијата на Шопов? Зошто токму во последната своја книга, Шопов дотолку инсистира да ја споменува Македонија? Дали нејзината експлицитна присутност во оваа книга и претходно реферирањето кон татковината во збирката „Песна на црната жена“ (1976) се прво пројавување на Македонија во неговата поезија? Или всушност, Македонија е постојано присутна во поезијата на Шопов, а во оваа аманетна книга се пројавува експлицитно? Во потрагата по одговори на овие прашања, со исчитување на севкупниот опус на Шопов, во трудот се доаѓа до теза-заклучок дека Македонија е постојано присутна во неговата поезија, од првата до последната книга, при што во секоја негова творечка фаза е присутна во различна форма, соодветна на особеностите со кои таа фаза се одликува. Анализата во трудот, согледувајќи ја Македонија како дел од авторовата интимност, и вопоставувајќи синтези меѓу поезијата и искажувањата на Шопов надвор од поетската реч, отвора и други прашања. Меѓу другите и прашањето колку поезијата на Шопов е интимистичка само во една фаза или сите фази на неговото творештво се различни форми на поетски интимизам. Притоа се претставува и тезата-заклучок дека во поезијата на Шопов постојано има некоја спрега меѓу колективното и индивидуалното (и обратно), во патувањето од себеси до својата небиднина.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/30171
ISBN: 978-608-277-017-8
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
6257-Article Text-11026-1-10-20231228.pdfКаде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов?201.24 kBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

28
checked on Nov 6, 2024

Download(s)

15
checked on Nov 6, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.