Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29051
Title: Граматиката во учебниците по француски јазик за средно образование
Authors: Милена Касапоска-Чадловска
Keywords: граматика, француски јазик, учебник, средно образование
Issue Date: 2020
Journal: Зборник трудови од Петта меѓународна научна конференција „Филко: филологија, култура и образование“
Conference: Петта меѓународна научна конференција „Филко: филологија, култура и образование“
Abstract: При изучувањето на францускиот јазик граматиката отсекогаш им претставувала голем предизвик на македонските ученици. Генерално, кај нив преовладува впечатокот дека францускиот јазик и неговите граматички правила се едни од најкомплицираните меѓу граматиките на странските јазици кои се застапени во македонскиот образовен систем. Поттикнати од тоа, сакавме да дознаеме дали тој впечаток можеби се должи на обемот во кој е застапена граматиката во учебниците, на начинот на кој се претставени граматичките правила или на несоодветноста на понудените граматички вежби. Поконкретно, наш предмет на интерес во трудот се граматичките содржини во учебните помагала по француски јазик во македонското средно гимназиско образование. Анализата ќе опфати дел од учебниците кои се одобрени за работа на ова образовно ниво, односно: Agenda 2 (Hachette) и Version Originale 3 (Maison des Langues). Првиот аспект кој ќе биде разгледан се однесува на граматичкиот пристап кој е застапен во секој учебник поединечно, додека вториот аспект го опфаќа типот на вежби кои се предложени за усвојување на граматичките содржини. Нашата цел е да провериме дали граматичките содржини и начинот на кој тие се претставени во учебниците одговараат на современите пристапи во методиката на странскиот јазик.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29051
ISBN: 978-608-244-787-2
Appears in Collections:Faculty of Philology: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

19
checked on May 13, 2024

Download(s)

4
checked on May 13, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.