Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/2819
Title: | Локалниот економски развој во Република Македонија – централна надлежност при процесот на фискална децентрализација: Реалност или само пренесен авторитет? | Authors: | Цветаноска, Маријана | Keywords: | локален економски развој, локална самоуправа, фискална децентрализација | Issue Date: | 2015 | Publisher: | Економски факултет - Скопје | Source: | Цветаноска, М. (2015). Локалниот економски развој во Република Македонија – централна надлежност при процесот на фискална децентрализација: Реалност или само пренесен авторитет?. Годишник на Економски факултет - Скопје. Економски факултет-Скопје | Journal: | Годишник на Економски Факултет - Скопје, 2015 | Abstract: | Последните децении е забележан светски интерес во процесот на фискалната децентрализација. Многу од земјите во развој преземаат чекори за фискална децентрализација, како еден можен начин за избегнување неефикасна и неефективна влада, макроекономска нестабилност и несоодветен економски раст. Македонија веќе неколку години успешно го спроведува процесот на децентрализација. Освен преносот на политичката власт на локално ниво, тој опфати пренос на надлежности во областа на локалниот економски развој (ЛЕР), образованието, урбанистичкото планирање, комуналните дејности, социјалната заштита, културата и други области. Во овој труд, фокусот е ставен на локалниот економски развој како централна надлежност која е опфатена со процесот на децентрализацијата, како и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат локалните влади. Во денешно време, политиките на ЛЕР стануваат клучни двигатели на растот на вработеноста и конкурентноста на локално ниво и тие, исто така, се начин на поттикнување на економскиот раст и развој на локалната економија. Нивото на фискална децентрализација, поддршката од централната влада и капиталните инвестиции се земени во процесот на истражување, со цел да се направи анализа за спроведувањето на локалниот економски развој како надлежност на локалната самоуправа која е пренесена со процесот на децентрализација. Исто така, во трудот е вклучена и студија за општината Охрид како главен туристички центар во Република Македонија, каде се прикажани ефектите од буџетската политика врз туризмот како главен промотор на локалниот економски развој. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/2819 | ISSN: | 0489-0922 |
Appears in Collections: | Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Годишник на Економски факултет - Скопје, 2015.pdf | 8.94 MB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Page view(s)
99
Last Week
0
0
Last month
checked on Mar 29, 2025
Download(s)
85
checked on Mar 29, 2025
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.