Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/27206
Title: | Англиското искуство со правото на молчење на обвинетиот во кривичната постапка | Authors: | Ilikj Dimoski, Divna | Keywords: | право на молчење, обвинет, неповолни заклучоци, англиска кривична постапка | Issue Date: | 2018 | Publisher: | Zdruzenie za krivicno pravo i kriminologija na Makedonija | Journal: | Македонска ревија за казнено право и криминологија | Abstract: | Авторот на трудот се занимава со едно од најбазичните и воедно најважните права на обвинетите во кривичните постапки - правото на молчење – притоа, осврнувајќи се на една од неговите најкомплексни дилеми, а тоа е проблемот на извлекување на неповолни заклучоци од молчењето на обвинетиот, во смисла на користење на молчењето на обвинетиот во текот на постапката како доказ од кој што ќе се заклучи за фактичката состојба односно за вината. Имнено, често пати, ако на нормативното постоење на правото на молчење и неговото користење како легитимна тактика на одбрана се спротивстави неговото фактичко значење и последица во практиката, ќе произлезе дека молчењето е “контрапродуктивна” тактика, бидејќи ваквиот начин на одбрана, предизвикува уште поголема убеденост на органите на постапката во вината на обвинетиот. Оттука, авторот како посебно вреден за анализа го идвојува англискиот пример и ги елаборира измените на правото на молчење и начинот на кој е тоа уредено во Англија, со оглед на тоа што англиските нормативни решенија ја дозволуваат можноста молчењето на обвинетиот да се толкува на негова штета, притоа точно утврдувајќи под кои услови е тоа дозволено односно какви се правилата за извлекување неповолни заклучоци од молчењето на обвинетиот, како и ограничувањата од извлекувањето на неповолни заклучоци од молчењето. Авторот во трудот, воедно се осврнува и на некои од практичните аспекти и последици од измените на правото на молчење во Англија. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/27206 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Divna Ilic.pdf | 392.42 kB | Adobe PDF | View/Open |
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.