Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25285
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorМамучевска, Даниелаen_US
dc.contributor.authorВасилева, Веснаen_US
dc.date.accessioned2022-12-28T07:04:03Z-
dc.date.available2022-12-28T07:04:03Z-
dc.date.issued2019-
dc.identifier.isbn978-608-66235-5-5 1-
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/25285-
dc.description.abstractОсновна карактеристика на пазарот на електронските комуникации е неговата олигополизирана пазарна структура, која ја наметнува потребата од воведување ex-ante регулатива и контрола на пазарот сo цел да се креираат услови за ефикасна и одржлива конкуренција, заштита на благосостојбата на крајните потрошувачи и поттикнување на развојот на инфраструктурата во јавните комуникациски мрежи, како и на воведувањето нови и современи телекомуникациски технологии и услуги по пристапни цени. Во 2005 година, со донесувањето на Законот за електронските комуникации (ЗЕК) („Сл. весник на РМ“ бр.13/2005) се формира и почна со работа Агенцијата за електронски комуникации (во понатамошниот дел од текстот АЕК) како надлежно независно институционално тело задолжено за ефикасна примена на ЗЕК и управувањето со развојот на електронските комуникации во земјата. Од основањето до денес, функционирањето на АЕК е постојано во фокусот на интересот на медиумите и пошироката домашна и меѓународна јавност. Во изминатите десетина години, Агенцијата многу често беше предмет на критики и сомнежи во поглед на нејзината независност, ефективност и ефикасност во работењето, и, особено, во поглед финансиските трошења и донации за проекти и активности што не се поврзани со електронските комуникации. Постигнувањето повисоко ниво на ефективност и ефикасност во работата во голем дел е условено од степенот на автономијата и независноста на АЕК. Од друга страна, зголемената ефикасност во работењето на АЕК директно влијае врз конкуренцијата на пазарот, во насока на обезбедување поквалитетни услуги, подобра понуда и пониски цени за крајните корисници. Ова истражување се прави во рамките на проектот „Мониторинг за ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела АВМУ и АЕК – PROformance watch II. Целта на истражувањето е да даде целосна слика за внатрешните и надворешните предизвици и пречки со кои се соочува Агенцијата во своето досегашно работење, од каде што ќе произлезат и конкретни заклучоци и препораки за нивно надминување и постигнување повисоко ниво на ефикасност, ефективност, транспарентност и успех во иднина. Во фокусот на ова истражување се следниве аспекти од работењето на регулаторот: транспарентноста и отчетноста; ефективноста и независноста; перформансите и извршувањето; заштитата на јавениот интерес. Структурата на извештајот е следна: во првиот дел се презентирани методологијата на истражувањето и користените извори на податоци и литература; во вториот и третиот дел се анализираат трендовите на пазарите за електронски комуникации во земјите членки во ЕУ и карактеристиките на македонскиот пазар на електронски комуникации, соодветно. Во четвртиот дел се анализира регулативата за електронски комуникации, во петтиот дел се анализираат ефектите од примената на регулативата врз конкуренцијата на пазарот на електронските комуникации и грижата за интересот на крајните корисници (во смисла на обезбедување помногубројни, поквалитетни, поевтини телекомуникациски услуги), во шестиот дел се анализираат независноста, организациската поставеност, финансиското работење на Агенцијата, во седмиот дел се анализираат транспарентноста и отчетноста на АЕК, а во осмиот и последен дел се сумираат заклучоците од истражувањето и се предложени одредени препораки.en_US
dc.language.isomken_US
dc.publisherЕвротинк, Скопјеen_US
dc.relationОваа анализа е подготвена во рамките на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на британската амбасада во Скопје.en_US
dc.subjectПазар на електронски комуникации, регулација на пазарот, АЕК, мобилни операториen_US
dc.titleАнализа на поставеноста, перформансите и предизвиците во работењето на АЕКen_US
dc.typeMonographen_US
item.grantfulltextopen-
item.fulltextWith Fulltext-
crisitem.author.deptFaculty of Economics-
Appears in Collections:Faculty of Economics 01: Books / Книги
Show simple item record

Page view(s)

52
checked on May 20, 2024

Download(s)

4
checked on May 20, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.