Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/24530
Title: | Развој на инклузивен пристап кон лицата со попреченост во Република Северна Македонија |
Authors: | Чичевска Јованова, Наташа Рашиќ Цаневска, Оливера |
Keywords: | инклузија, образование, лица со попреченост, легислатива, стратегии |
Issue Date: | 2022 |
Publisher: | Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори nа Република Северна Македонија-Скопје; Филозофски факултет – Скопје, Институт за специјална едукација и рехабилитација; Универзитет во Tетово- Педагошки факултет Тетово - Студии по специјална едукација и рехабилитација |
Conference: | Меѓународна научно-стручна конференција: Образование на лицата со попреченост - актуелни состојби и перспективи |
Abstract: | Образованието има улога да го менува животот на сите луѓе ширум светот, отворајќи можности и потенцијали за развој и промени. Но, и покрај тоа што е важно, не е доволно едноставно само да се внесат децата во училиште. На децата им треба квалитетно образование кое ќе им помогне целосно да го искористат својот потенцијал и да ги зголемат нивните можности да станат среќни, здрави, успешни и членови на општеството кои ќе придонесуваат за нивен личен но и за развојот на општеството. Трудот има за цел да направи еден ретроспективен преглед на образова-нието на лицата со попреченост во Република С. Македонија, правејќи истовремено корелација со начинот на реализација и промените во образовниот систем на лицата со пречки во развојот низ различни земји во светот. Применети се методот на компаративна анализа и методот на генерализација, а како техники се применети анализа на литература, законски и правни докумен-ти, легислативи и регулативи, воспитно-образовни програми и стратегии. Анализите посочуваат дека во Р. С. Македонија иако постојано се прават напори за подобрување на воспитно-образовниот систем во целина, а во наш контекст и за лицата со попреченост, може да се констатира дека промените се парцијални без доволно проценување, анализа и детерминирање на реалната состојба, достапни ресурси и можности, што индиректно води до импровизирање и оставање на простор за голем број на последици. Иако инклузијата има неспорно позитивни страни, не треба секогаш да се смета дека таа е најдобар избор за секое дете. |
URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/24530 |
ISBN: | 978-608-238-220-3 (Филозофски факултет) 978-608-217-111-1 (Универзитет во Тетово, Педагошки факултет) 978-608-65438-8-4 (Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ) |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Развој на инклузивен пристап кон лицата со попреченост во Р.С.pdf | 4.74 MB | Adobe PDF | View/Open |
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.