Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/2437
Наслов: | Мерки и протоколи за спречување на трговијата со луѓе во Република Македонија и земјите од ЕУ | Authors: | Стојанова, Емилија | Keywords: | трговија со луѓе, протоколи, стратегии, мерки | Issue Date: | 2019 | Publisher: | Филозофски факултет, Скопје | Source: | Стојанова, Е. (2019). Мерки и протоколи за спречување на трговијата со луѓе во Република Македонија и земјите од ЕУ. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет. | Abstract: | Трговијата со луѓе, исто така, позната како модерно ропство, доби значителен акцент во текот на последните децении. Глобализацијата и транснационалните миграциски трендови продолжија да ги засилуваат економските разлики и да ја зголемуваат ранливоста на угнетеното население. Жртвите на трговијата со луѓе се експлоатираат заради работа, услуги, секс и сл. Поголемиот дел од овие жртви сè од маргинализирани нехумани подрачја. Исто така, како што мажите и жените се жртви на трговијата со луѓе, така и децата се во центарот на вниманието. Поради тоа, неопходен е интердисциплинарниот пристап за ефикасна борба против трговијата со луѓе. Како што се толкува од страна на Протоколите, трговијата со луѓе вклучува транспорт на луѓе за цели на трудова експлоатација и сексуална експлоатација. Трафикувањето претставува проблем во областа на миграцијата, криминалот, човековите права, работаната сила и здравјето. Државите може да се соочат со проблемот како земји на потекло од кои доаѓаат имигрантите, земји на транзит преку кои поминуваат илегалните имигранти, и земји на дестинација каде имигрантите се селат. Трговијата со луѓе е мета на меѓународната деценија повеќе децении. Протоколите и мерките имаат три главни цели: спречување и борба против трговијата со луѓе, заштита и помош на жртвите, како и унапредување на соработката помеѓу државите со цел за исполнување на целите. Европската Унија усвои рамковно решение за борба против трговијата со луѓе во јуни 2002 година. Целта е да се воспостават донесените дефиниции и казни во законодавствата на земјите - членки. Исто така, постојат и неколку програми на Европската унија кои придонесуваат за активности во насока на поддршка, помош и заштита на жртвите на трговијата со луѓе. | Опис: | Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Татјана Стојановска Иванова. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/2437 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
emstojanova2019.pdf | 908.2 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.