Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2437
Title: Мерки и протоколи за спречување на трговијата со луѓе во Република Македонија и земјите од ЕУ
Authors: Стојанова, Емилија
Keywords: трговија со луѓе, протоколи, стратегии, мерки
Issue Date: 2019
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Стојанова, Е. (2019). Мерки и протоколи за спречување на трговијата со луѓе во Република Македонија и земјите од ЕУ. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Трговијата со луѓе, исто така, позната како модерно ропство, доби значителен акцент во текот на последните децении. Глобализацијата и транснационалните миграциски трендови продолжија да ги засилуваат економските разлики и да ја зголемуваат ранливоста на угнетеното население. Жртвите на трговијата со луѓе се експлоатираат заради работа, услуги, секс и сл. Поголемиот дел од овие жртви сè од маргинализирани нехумани подрачја. Исто така, како што мажите и жените се жртви на трговијата со луѓе, така и децата се во центарот на вниманието. Поради тоа, неопходен е интердисциплинарниот пристап за ефикасна борба против трговијата со луѓе. Како што се толкува од страна на Протоколите, трговијата со луѓе вклучува транспорт на луѓе за цели на трудова експлоатација и сексуална експлоатација. Трафикувањето претставува проблем во областа на миграцијата, криминалот, човековите права, работаната сила и здравјето. Државите може да се соочат со проблемот како земји на потекло од кои доаѓаат имигрантите, земји на транзит преку кои поминуваат илегалните имигранти, и земји на дестинација каде имигрантите се селат. Трговијата со луѓе е мета на меѓународната деценија повеќе децении. Протоколите и мерките имаат три главни цели: спречување и борба против трговијата со луѓе, заштита и помош на жртвите, како и унапредување на соработката помеѓу државите со цел за исполнување на целите. Европската Унија усвои рамковно решение за борба против трговијата со луѓе во јуни 2002 година. Целта е да се воспостават донесените дефиниции и казни во законодавствата на земјите - членки. Исто така, постојат и неколку програми на Европската унија кои придонесуваат за активности во насока на поддршка, помош и заштита на жртвите на трговијата со луѓе.
Description: Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Татјана Стојановска Иванова.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2437
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
emstojanova2019.pdf908.2 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

115
checked on Apr 18, 2024

Download(s)

278
checked on Apr 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.