Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24023
Title: Компликации од тонзиларна инфекција кај 79 год. пациент
Authors: Marolov, M 
Panev, I
Rafajlovski, N
Tashkovska E
Keywords: Перитонзиларен абсцес
Вратна флегмона
Тонзилитис
Issue Date: 10-Nov-2020
Conference: 20th Congress of the Macedonian Medical Association in collaboration with Medical Faculty - Skopje
Abstract: Вовед: Компликациите од инфективните процеси на горниот аеродигестивен тракт доколку не бидат третирани навремено можат да дадат сериозни компликации дури и да го донесат животот на пациентот во ризик. Како компликации од воспаление на палатиналните тонзили меѓу другите може да се јават абсцеси во околните простори (перитонзиларни, парафарингеални итн) како и длабоки вратни инфекции. Длабоките вратни инфекции се карактеризираат со рапидна проглесија и непредвидлив тек. Цели: Сакаме да представиме случај на 79 годишен пациент со акутен тонзилитис , којшто како компликација појавува абсцес во вратна регија и длабока вратна инфекција. Материјали и методи: 79 годишен пациент 48 часа пред хоспитализација за првпат се јавил кај матичен лекар со болка во грло и вратна регија, било администрирано антибиотик (cefixime) и кортикостероид (dexametasone). За само 24 часа општата состојба на пациентот се влошила и истиот бил препратен на специјалист-оториноларинголог од секундарно ниво, каде било констатирано изразен оток субмандибуларно, пропратен со болка при зборење и голтање којшто бил фиксиран и болен на палпација. Пациентот веднаш е препратен во терциерна ОРЛ амбуланта, каде по реализиран преглед е констатирано присуство и на перитонзиларен абсцес на десна страна којшто амбулантски е инцизиран, додадено и кортикостероид (metilprenisolone) во терапија. И покрај направената инцизија кај пациентот состојбата рапидно прогредира за да следниот ден на контролен преглед целата вратна регија е во изразен оток , предоминантно субментално и паротидно со прогресија према букален простор. Поради афекција на дишен пат, отежнато дишење, фиберскопски наод за оток на епиглотис и ларингеални структури со загозен простор за дишење кај пациентот се поставува индикација за итна трахеотомија. Истата е спроведена во ОЕТ Анестезија и покрај предизвиците за истата бидејки станува збор за пациент со нерегулирана антихипертензивна терапија и ограничен простор за интубација. Реализирана субментална инцизија со која се ослободува субментален простор и се овозможува дренажа на истиот. Пациентот е хоспитализиран на двојна антибиотска терапија, кортико терапија и константна опсервација. На дневно ниво кај истиот се прават тоалета преврски и локални промивки со антибиотик во самата инцизија. Резултати: По 4 дневен хоспитален третман пациентот е стабилен , се чека извештај од комплутеризирана томографија на глава и врат по што може ке се наложи дополнителна инцзија на некој од вратните простори. Притоа пациентот редовно се храни и хидрира, поставена назогастрична сонда. Регулирана антихипертензивна терапија , и константно следење на лабораториски параметри, од кои бие се издвоило дека за само 4 дена од хоспиталниот третман вредноста на ЦРП е намалена од 470мг/Л на 87мг/Л. Притоа при сите следни инцизии ке се внимава да не настанат големи кожни дефекти, којшто искуствено прават дополнителна компликација во натамошно заздравување. Заклучок: Компликациите од инфективните процеси на горен аеродигестивен тракт треба да се перцепираат како озбилни состојби од сите лекари, како во примарните така и во терциерните специјалистички установи. Времето е од круцијално значење во третманот на истите , и навремено превзементи медицински чекори во право време можат да го сменат текот на лекувањето.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24023
ISSN: 0025/1097
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Случај 20th MLD Congress.JPG190.22 kBJPEGThumbnail
View/Open
Front Page 20th MLD Congress.JPG94.62 kBJPEGThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

144
checked on Jun 15, 2024

Download(s)

25
checked on Jun 15, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.