Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/22710
Title: Здравствена исправност на прехранбени производи од бактериолошки аспект во функција на спроведување на HACCP контролен систем
Authors: Рената Младеновска 
Issue Date: Oct-2019
Publisher: Faculty of Medicine, University Ss. Cyril and Methodius in Skopje
Abstract: Вовед На глобално ниво болестите поврзани со небезбедна храна и вода за пиење предизвикуваат смрт за 2,2 милиони луѓе годишно. Биолошките, хемиските и физичките опасности односно ризиците за безбедна храна се причина за алиментарни труења на луѓето. Материјал и метод Како материјал се користени Годишни извештаи за здравствена исправност на намирниците и предметите за општа употреба (Обр. бр. 3-15-86) и Годишни извештаи за лаборатории ( Обр.бр. 3-14-60) за период од пет години (2013 -2017) кои согласно Законот за евиденции во областа на здравството е законска обврска за водење на евиденции во микробиолошката дејност во координација со санитарно-хигиенската дејнсот во центрите зајавно здравје. Употребен е дескриптивен метод на користење на здравствено - статички податоци од пет годишна анализа на податоци за здравствена исправност на мостри земени од прехранбени производи кои микробиолошки се испитуваат во ЦЈЗС. Резултати Во анализараниот петгодишен материјал на земени 19564 мостри за микробиолошко испитување на прехранбени производи и процентот на земени мостри покажува дека во 2017 година е намален за 12,6% во однос на 2013 година. Обработени се 22 групи на прехранбени производи кои 69,9% се мостри од индустриско и домашно производство, додека 30,15 учествуваат земени мостри од промет. Глобално за целиот петгодишен период за бројот на неисправни мостри храна, може да се констатира дека процентот на неисправни мостри храна рапидно е намален од 45,7% во 2013 година на 4,7% во 2017 година. Регистрирани 363 неисправни мостри храна како резултат на изолирани бактерии, квасци и мувли, инсекти и паразити и друго. Најзастапени прехранбени производи се млекото и млечните производи со 31,3%, потоа 27,0% учествуваат прехранбени производи од групата месо и месни 7 преработки, неисправни мостри од сладолед се застапени со 20,0% и групата на слатки и колачи се застапени со 18,03%. Останатите неисправни мостри се незнатно застапени или групата конзерви трајни и нема неисправни мостри. Анализата покажа дека од таргет група на 6507 земени мостри од од шест групи на прехранбени производи, регистрирани се 150 неисправни мостри и тоа: месо и месни преработки, млеко и млечни производи, слатки и колачи, сладолед, јајца и трајни конзерви. Споменатите групи се најчест извор на алиментарни интоксикации и токсикоинфекции чиј причинител се бактерии, квасци, мувли, инсекти и паразити. Од споменатата таргет група на прехранбени производи неисправни мостри храна се разултат на изолирани бактерии како што се : стафилокок коагулаза позитивен, фекални стрептококи, ешерихија коли, протеус, клостридиум сулфиторедуктори и бета стрептококи, потоа МПХ просечен број или други параметри. Резултатот покажа 115 неисправни мостри поради изолирани микрорганизми како што се: стафилокок коагулаза позитивен, фекални стрептококи, ешерихија коли, протеус, клостридиум сулфиторедуктори и бета стрептококи. Од споменатиот број на неисправни мостри 52,1% се неисправни примероци поради следните три бактерии: Коагулаза позитивен стафилокок, Staphylococus, Ешерихија коли и Фекален стрептокок. Заклучоци Процентот на земени мостри од индустриско производство се намалува за сметка на бројот на мострите од домашно производство кое се уште е скоро на истото ниво. Од 19564 земени мостри за микробиолошко иследување, регистрирани се 363 неисправни мостри поради изолирани бактерии, квасци, мувли, инсекти и паразити). Од таргет група на најчесто застапени прехранбени производи ( шест групи) 150 примероци храна се нисправни според погоре регистрираниот наод. Таргет групата покажа дека 115 неисправни мостри покажуваат микробиоошки наод на стафилокок коагулаза позитивен, фекални стрептококи, ешерихија коли, протеус, клостридиум перфригенс и бета стрептокок, како и МПХ просечен број) се застапени со 115 неисправни мостри. 52,1% од неисправните примероци се поради следните три бактерии: Коагулаза позитивен стафилокок, Staphylococus, Ешерихија коли и Фекален стрептокок.
Description: Специјалистички труд
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/22710
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Other

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Специјалистички труд.pdf1.8 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

99
checked on May 21, 2024

Download(s)

49
checked on May 21, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.