Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/2265
Title: | Придонесот на УНЕСКО и Програмата за менаџирање на социјални трансформации (МОСТ) кон одржливо градење мир | Authors: | Ѓошев, Никола | Keywords: | градење на мирот, УНЕСКО, социјална трансфирмација, социјална инклузија, МОСТ програма, МОСТ училишта, лабараторија за инклузивни политики на МОСТ, Национален Комитет на МОСТ. | Issue Date: | 2019 | Publisher: | Филозофски факултет, Скопје | Source: | Ѓошев, Н. (2019). Придонесот на УНЕСКО и Програмата за менаџирање на социјални трансформации (МОСТ) кон одржливо градење мир. Магистерска теза. Скопје: Филозофски факултет. | Abstract: | Главниот предмет на истражување во оваа магистерска теза се фокусира на улогата на УНЕСКО и Програмата за менаџирање на социјални трансформации и придонесот кои го имаат тие во одржливото градење на мирот и социјалната трансформација на општеството. Во процесот на истражување главно применувам квалитативна стратегија на истражување, а воедно ќе го користам и пристапот понуден од ОЕЦД – Организација за економска соработка и развој, за мерење на придонесот на МОСТ програмата на УНЕСКО и друите МОСТ инструменти врз клучните елементи за градење на мирот. Прво користам анализа на содржината на примарните извори што доаѓаат во форма на достапни документи, конвенции, статии и слично. Во продолжение ја користам анализата на секундарните извори на податоци како што се бројните аналитички податоци, статистички податоци од претходно селектираните студии на случај. Истражувањето започнува со теоретски преглед на литературата, за да може да обезбеди дополнителни информации за Процесот на градење на мирот како и неговата имплементација и вклученоста на мноштвото на меѓународни институции во истиот. Подоцна ја објаснувам Програмата на ООН за менаџирање на социјалната трансформација со посебен осврт на МОСТ училиштата и лабараторијата за инклузивни политики на УНЕСКО, како и нивниот придонес во градењето на мирот и за одржливиот развој и социјалната трансформација на постконфликтното општество. Истражувањето се фокусира и на 2 ( две) студии на случај за МОСТ училишта од Таџикистан и Тајланд, 1 ( една ) студија на случај за работилница на тема Лабараторија за инклузивна политика која се оддржа во Јужна Африка. Преку нив ја докажам важностa и улогата која ја имаат во процесот на социјална инклузија и социјална трансформација на едно општество и генерално улогата која ја има УНЕСКО во процесот на социјална трансформација и градење на мирот. Во текот на моето истражување, голем простор во тезата посвeтувам и на МОСТ училиштата и Лабараториите за инклузивни политики на УНЕСКО и големиот придонес кои го имаат истите во процесот на развивање и имплементацја на инклузивни политики, продукција и размена на знаењето базирано на истражувања и докази, како и придонесот кои го имаат врз развивањето на соработка помеѓу различните чинители во едно општество ( властите, граѓанскиот сектор, истражувачите ). Сето тоа со цел социјална трансформација во општеството, а и постигнување на глобалните цели за социјален развој од Агендата 2030. Истражувањето се фокусира и на улогата која ја има Програмата на УНЕСКО за менаџирање на социјални трансформации – МОСТ, во формирање на Националните Комитети на МОСТ во земјите-членки, со цел поттикнување на соработката помеѓу истражувачите, чинителите и носителите на одлуки, а несомнено ја докажам и потребата од формирање на Национален Комитет на МОСТ во Република Северна Македонија, кој понатака ќе даде огромен придонес за социјалната трансформација во сите области на државата, превземајќи ја улогата на критичен медијатор помеѓу институциите на системот. Врз основа на целокупното истражувањето кое го спроведов во процесот на пишувањето на магистерската теза користејќи најразлични извори на податоци, на крај во заклучните согледувања ги издвојувам клучните факти кои ги докажуваат и објаснуваат хипотезите наведени во хипотетичата рамка на овој труд. МОСТ училиштата кои имаат за цел преку политиката на стекнување на знаења базирани на докази, да помогнат во процесот на едукација на чинителите и креаторите на јавните политики и нивно обогатување со цел подобро да ја разберат комплексноста на инклузивните процеси, активности и политики, со цел социјална транасформација и одржлив развој на општеството. Како и лабараториите за инклузивни политики кои всушност претставуваат иновативен инструмент за влијание врз социјалниот развој и иманентните политички агенди. На крај на овој магистерски труд препорачувам практиките и наодите од овој труд да се имплементираат и во Република Севрна Македонија која како членка на УНЕСКО од 28 јуни 1993 година треба да ги следи сите препораки на ООН и УНЕСКО, како и клучните пораки од МОСТ програмата за менаџирање со социјални трансформации од кои несомнено ќе има само бенефит за целокупното општество. | Description: | Магистерска теза одбранета во 2019 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Маја Геровска Митев. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/2265 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
ngjosev2019a.pdf | 1.42 MB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.