Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2158
Title: Индустриската структура, индустриската политика и економскиот растеж на Република Македонија
Authors: Aleksandar Stojkov
Keywords: индустриска политика; индустриска структура; систем на иновации; економски растеж.
Issue Date: 8-Mar-2019
Publisher: Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ)
Source: 2. „Индустриската структура, индустриската политика и економскиот растеж на Република Македонија“. Во: Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија, Зборник на трудови од научната конференција одржана во Охрид на 4-5 октомври 2018 год. Скопје: Македонска Академија на науките и уметностите (2019 год.).
Conference: Зборник на трудови од научната конференција на МАНУ одржана во Охрид на 4-5 октомври 2018 год.
Abstract: Иако формално преточена во официјални документи, индустриската политика на Република Македонија се практикуваше со различни брзини, дерогирана од бројни ad hoc мерки, со отежната меѓуинституционална координација и скромни еколошки амбиции. Дури и правилно дефинираните стратегиски приоритети тешко се операционализираа со задоволителна имплементација. Финансиската поддршка на истражувањето, развојот и политиката на иновации дури неодамна влегоа во фокусот на владините политики. Корпоративниот сектор веќе алармира за сериозни тесни грла на пазарот на работна сила, кои се јавуваат поради структурната неусогласеност на понудата и побарувачката. Квалитетот на човечкиот капитал, како исклучително важен фактор на економскиот растеж, е оставен на маргините на приоритетите како срамен пример на пазарен и државен неуспех. Доколку се продолжи со сегашните политики, конкурентската предност на домашните компании ќе се ограничи на ранливите трудоинтензивни дејности, кои почиваат на ниски работни квалификации и генерираат мала додадена вредност. Подобрувањето на ефикасноста на индустриската политика зависи од симултаниот успех на многу фронтови. Структурата на македонската индустрија минува низ сериозна трансформација. Преструктуирањето на индустриите во залез и поддршката на технолошки напредните индустрии на долг рок треба да ја намали зависноста од традиционалните индустрии, кои се или неефикасни, или пак, исклучително сензитивни на ценовните осцилации на меѓународните пазари. Модернизирањето на нормативната рамка за алтернативните финансиски инструменти за микро, малите и средните претпријатија треба да го компензира отежнатиот пристап до банкарските кредити. Правната сигурност и стабилност – пред сѐ, на даночното законодавство – треба да придонесат за попредвидлив деловен амбиент барем на среден рок. Финансиската поддршка за иновациите и технолошкиот развој треба да биде редизајнирана и зајакната, преку поголема алокација на буџетски ресурси и зголемена транспарентност и отчетност. Потребна е натамошна приватизација и дерегулација на несуштински сегменти од јавниот сектор. Традиционалните или основните инфраструктури се сѐ уште копнеж на многу рурални, дури и урбани средини. Потребна е и сериозна политичка волја за драстично редуцирање на коруптивните практики во јавните набавки, кои им даваат нерамноправна предност на неефикасните фирми. Чистите технологии и заштитата на животната средина треба да бидат посебен фокус на индустриската политика. Успехот на индустриската политика и забрзувањето на економскиот растеж се можни само со значително подигнување на капацитетот на институциите.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2158
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Stojkov 2018 Industriska politika, industriska struktura i ekonomski rastez.pdf3 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

110
checked on Apr 25, 2024

Download(s)

30
checked on Apr 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.