Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/17424
Title: | Анализа на развојните ефекти на одделни големи и средни хидро-енергетски проекти во Република Македонија | Other Titles: | Analysis of development effects of particular big and medium-sized hydro-energy projects in Republic of Macedonia | Authors: | Велија, Зана | Issue Date: | 2019 | Publisher: | Економски факултет, УКИМ, Скопје | Source: | Велија, Зана (2019). Анализа на развојните ефекти на одделни големи и средни хидро-енергетски проекти во Република Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Економски факултет, УКИМ. | Abstract: | Енергијата претставува фундаментален услов за каква било економска активност. Затоа, нејзиното отсуство или изобилство влијае врз општествата, но и општествата влијаат врз енергијата. Поаѓајќи од фактот дека енергијата претставува клучен инпут за продуктивноста на националните економии на 21 век, улогата на енергијата во економскиот раст е клучен движечки столб за развој. Од страна на економијата, енергијата треба да се третира како и секој друг редок ресурс што треба ефикасно да се алоцира во економијата. Ова значи дека микроекономските концепти за понудата и побарувачката на енергија и макроекономските прашања за инвестициите, финансирањето и корелацијата со другите економски поими треба да бидат главните теми при дефинирањето на улогата на енергетиката врз економијата. Секторот на енергетиката е под континуирано влијание од интеракциите што се случуваат во меѓународните; националните; регионалните; локалните нивоа; индустриите и домаќинствата. Овие интеракции честопати вклучуваат во себе повеќе дисциплинарни и интердисциплинарни области и интереси, со што се појавуваат прашања во врска со употребата на енергијата и ефектите врз животната средина, врз социо-економските интереси на различни групи итн. Во оваа дисертација се анализирани современите случувања во сферата на енергетиката и светските трендови на модерните економии. Целта е да се даде јасна слика за постојната состојба на националниот енергетски систем во земјата во споредба со светските трендови, стратешките постигнувања и недостатоци. Посебно внимание заземаат макроекономските прашања за инвестициите во хидроенергетската инфраструктура, како и нивното влијание врз националната економија. Според анализите, енергетскиот сектор во Р. Македонија се соочува со големи предизвици. Од една страна, постои ризик од потреба за зголемување на увозот на електрична енергија како резултат на намалување на домашните енергенти, како што е јагленот. Од друга страна, постои недостиг на интерес и јасно стратешко планирање во однос на тоа како до реализација на планираните инвестиции за зголемување на домашното производство на енергија. Националната економија на Р. Македонија паралелно се соочува со различни предизвици - недостиг на институционалните капацитети кои би овозможувале развој на потребните инвестиции и слаби макроекономски показатели за финансирање и реализација на инвестициите. Изградбата на големите ХЕЦ на долг рок доведува до Паретово подобрување. Но, како што е констатирано и според макроекономскиот модел спроведен во дисертацијата, инвестициите претставуваат дополнително задолжување на државата што во краток рок, со оглед на слабите макроекономски параметри, може да доведе до негативни ефекти. Ова значи дека паралелно треба да се обезбедат поадекватни услови за привлекување странски директни инвестиции и инволвирање на приватниот сектор во доменот на енергетиката. Дополнително, колку и да е либерализиран пазарот на енергетика, има потреба од ефикасни државни интервенции и регулации за ефикасно функционирање. | Description: | Докторска дисертација одбранета во 2019 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Гоце Петрески. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/17424 |
Appears in Collections: | UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
ZanaVelija2019.pdf | 4.27 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
43
Last Week
3
3
Last month
4
4
checked on Nov 9, 2024
Download(s)
61
checked on Nov 9, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.