Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/16992
Title: | Современи трендови во обезбедувањето и наплатата на побарувањата во банките, со посебен осврт на банките во Република Македонија | Authors: | Анѓелкоска, Валентина | Keywords: | банкарство, кредитирање, обезбедување на побарувања, наплата на побарувања, кредитен ризик, правен ризик, регулатива | Issue Date: | 2013 | Publisher: | Економски факултет, УКИМ, Скопје | Source: | Анѓелкоска, Валентина (2013). Современи трендови во обезбедувањето и наплатата на побарувањата во банките, со посебен осврт на банките во Република Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Економски факултет, УКИМ. | Abstract: | Предмет на истражување во оваа докторска дисертација се современите трендови во обезбедувањето и наплатата на побарувањата во банките, со детален осврт на банките во Република Македонија. Направена е анализа на светските трендови и потреби за зајакнување на функцијата на наплатата на побарувањата, како и за нивното обезбедување во банките. Даден е детален осврт на оваа многу комплексна и обемна проблематика во банкарскиот сектор во РМ, која воедно и соодветно е третирана од регулаторите. Во оваа дисертација е направен обид да се добие целосна слика на овие сегменти преку анализа на регулативата, институциите, праксата, идентификувањето на проблемите и давање на предлози за подобрување. Имено, направена е детална анализа на различните видови на обезбедувања на побарувањата, при што се лоцирани главните проблеми, но се дадени и предлози за подобрување во овие сегменти. Во делот на наплатата на побарувањата, даден е исцрпен преглед и осврт на постапките за присилна наплата, со анализа на главните нивни сегменти, идентификувани се актуелните проблеми и соодветно се дадени предлози за подобрување, како и очекувањата на банкарскиот сектор за подобрување на ефикасноста на наплатата на побарувањата. Неизоставно е анализиран кредитниот ризик, можностите за негово митигирање, како и неговата поврзаност со правниот и репутацискиот ризик кај банките. Во овој контекст дисертацијата изобилува со анализа на финансиски показатели за РМ, но и за регионот. Анализирани се неколку банки во РМ во делот на обезбедувањето и наплатата на побарувањата, управувањето со кредитниот ризик, но со оглед на тоа дека оваа дисертација дава и осврт на организациските аспекти во банките во делот на менаџирањето на овие значајни процеси, во неа е даден осврт и на организациската поставеност на банките и клучните сектори за овие процеси. Заклучните согледувања упатуваат на фактот дека оваа проблематика е достојно регулирана, законски и подзаконски. Но, исто така, даден е прецизен осврт на сегментите кои не се соодветно регулирани, односно на оние на кои им е потребно подобрување. Покрај тоа, даден е и осврт на подобрувањата што треба да ги направат банките во рамките на управувањето со процесите за обезбедување и наплата на побарувањата, како и во делот на управувањето со кредитниот ризик. | Description: | Докторска дисертација одбранета во 2013 година на Економскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Љубе Трпески. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/16992 |
Appears in Collections: | UKIM 01: Dissertations preceding the Doctoral School / Дисертации пред Докторската школа |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
ValentinaAngjelkoska2013.pdf | 7.69 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
28
checked on Nov 9, 2024
Download(s)
224
checked on Nov 9, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.