Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16598
Title: Маркери на инфламација, нивната улога и значење во евалуацијата на дијагнозата, терапијата, еволуцијата и прогнозата кај болните од астма
Authors: Јовановска Јанева, Елена
Issue Date: 2018
Publisher: Медицински факултет, УКИМ, Скопје
Source: Јовановска Јанева, Елена (2018). Маркери на инфламација, нивната улога и значење во евалуацијата на дијагнозата, терапијата, еволуцијата и прогнозата кај болните од астма. Докторска дисертација. Скопје: Медицински факултет, УКИМ.
Abstract: Вовед: Астмата е хетерогена болест која се карактеризира со хронична инфламација на дишните патишта, пропратена со излачување на многубројни медијатори и маркери на инфламација кои се одговорни за клиничката слика на болеста. Цел на студијата е одредување на улогата и значењето на маркерите на инфламација, особено новите и недоволно истражени IL-17 и IL-33, како и дефинирање на улогата на комбинирана терапија ICS/LABA и алтернативната или додатна терапија ICS/LABA и Tiotropium bromide и ICS/LABA и Montelukast кај болните со неконтролирана средна презистентна астма. Материјал и методи: Во студијата бea вклучени 106 испитаници, поделени во четири групи. Првата група имаше 28 пациенти кои примаа комбинирана терапија ICS/LABA (beclometasone dipropionate/formoterol 100/6mcg) 2x2 инхалации дневно. Втората група имаше 28 пациенти, примаа ICS/LABA, 2x2 инхалации дневно и вклучен анти-холинергик Tiotropium bromide 5mcg дневно. Третата група со 28 пациенти, примаа ICS/LABA, 2x2 инхалации дневно и вклучен анти-леукотриен Montelukast 10mg дневно. Четвртата група броеше 22 здрави испитаници. Кај секој пациент пред започнување и по 6 месеци од терапијата беше земена анамнеза, физикален преглед и беа одредувани: FEV1, FVC, FEV1/FVC, нивото на IL-17 и IL-33 во серум, вкупни IgE во серум, комлетна лабораторија, CRP, еозионофили и неутрофили во периферна размаска, ЕКГ, РТГ на бели дробови и синуси, гасни анализи, Asthma Control Test (АСТ), бронходилататорен и/или бронхопровокационен тест, кутани алерголошки тестови, одредување на пушачки статус, водење на дневник со бележење на дневни и ноќни симптоми, употреба на бета 2 агонисти, итна посета кај доктор поради влошување на астмата, примена на системски кортикостероиди, број на хоспитализации и број на акутни егзацербации (АЕ) во тек на 6 месеци од терапијата. Резултати: добиените резултати ститистички беа обработени и покажаа дека нивото на IL-17 и IL-33 беше сигнификатно повисоко во сите три група на испитаници во однос на контролната група. На почетокот на студијата, сите астматичари имаа сигнификано пониски вредности на FEV1 во однос на здравите испитаници и по 6 месеци третман се покажа сигнификатно зголемување на FEV1, највисоко во првата група. Вкупниот IgE во серум беше сигнификатно повисок кај сите три групи на испитаници, а различните тераписки опции, доведоа до сигнификатно намалување на нивната вредност, најзначајно во втората група. АСТ-от на почетокот на студијата, кај сите пациенти имаа пониска вредност, додека по 6 месеци третман се постигна значајно подобрување, највисоко во втората група. Вредноста на Витамин Д беше под 20ng/ml во сите три испитувани групи. Вредноста на еозинофилите и неутрофилите беа сигнификатно зголемени кај астматичарите споредено со вредноста на здравите испитаници. Испитаниците од третата група покажаа поголем број на АЕ и симптоми на неделно ниво со скор 2 во однос на другите две група и терапијата со ICS/LABA и Montelukast постигна подобра контрола во однос на другите две тераписки опции. Заклучок: доприносот на овој труд е во тоа што ги додефинира, а исто така и ја потврди успешноста на достапните применетите тераписки модалитети во нашата земја. Новите анти-интерлеукини, пред се anti - IL-17 и anti - IL-33 кај астмата се моќни потикнувачи на имунолошката активност и се истакнуваат како атрактивни кандидати за откривање на различни тераписки модалитети, се со цел супримирањето на целата имунолошка реакција. Одредувањето на маркерите и медијаторите на инфламацијата кај астмата, можат да ни помогнат во правилно нејзино дефинирање, прецизно одредување на фенотипот и ендотипот, со што се олеснува точната дијагноза, изборот на терапија, следење на еволуцијата и секако прогнозата на болеста.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2018 година на Медицинскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Магдалена Генадиева Димитрова.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16598
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
S-ElenaJovanovskaJaneva2018.pdf2.51 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

102
checked on Mar 29, 2025

Download(s)

7
checked on Mar 29, 2025

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.