Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16572
Title: Влијание на резидуалниот сноп од скинатиот преден вкрстен лигамент и на плазма препаратот богат со фактори на раст врз зараснувањето на графтот по извршено хируршко појачување на преден вкрстен лигамент на колено
Authors: Андоновски, Алан
Keywords: аугментација на преден вкрстен лигамент на колено, резидуален сноп од преден вкрстен лигамент на колено, плазма препарат богат со тромбоцитни фактори на раст, зараснување на графт, постоперативни клинички резултати
Issue Date: 2017
Publisher: Медицински факултет, УКИМ, Скопје
Source: Андоновски, Алан (2017). Влијание на резидуалниот сноп од скинатиот преден вкрстен лигамент и на плазма препаратот богат со фактори на раст врз зараснувањето на графтот по извршено хируршко појачување на преден вкрстен лигамент на колено. Докторска дисертација. Скопје: Медицински факултет, УКИМ.
Abstract: Вовед: Покрај напредокот во хируршките техники и матерјалите за фиксација при реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено, сепак не постои сигнификантно подобрување во постоперативните клинички резултати. Според истражувањата само 63% од оперираните пациенти се враќаат на истото ниво на спортување како пред операција, периодот од операција до враќање на претходните спортски активности како и порано и денес се движи меѓу 6 и 13 месеци, а средниот процент на руптури на графтот изнесува 5,2%. Развојот на биолошката терапија во ортопедијата има за цел да ги забрза биолошките процеси на зараснување на графтот и на тој начин да доведе до намален морбидитет и побрза рехабилитација на оперираните пациенти. Цел: Целта на нашата студија беше да се утврди заедничкото влијание на резидуалниот сноп од предниот вкрстен лигамент на колено и на плазма препаратот богат со тромбоцитни фактори на раст, на зараснувањето на графтот, а со тоа и на постоперативни клинички резултати после реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено. Пациенти и методи: Во оваа проспективна рандомизирана двојно слепа студија беа вклучени 52 пациенти поделени во 2 групи: контролна група со 28 пациенти кај кои по отстранување на резидуалниот сноп беше направена стандардна едноснопна реконструкција на преден вкрстен лигамент на колено и испитувана група со вклучени 24 пациент кај кои беше направена аугментација на преден вкрстен лигамент на колено со додавање на плазма препарат богат со тромбоцитни фактори на раст. Со магнетна резонанца по 6 месеци од операцијата се евалуираа: матурацијата и интеграцијата на графтот за ѕидот од коскените тунели, брзината на ресорпција на постоперативниот едем околу графтот, формирањето на склеротичен коскен прстен околу графтот, постоперативното ширење на коскените тунели како и дебелина на графтот и појавата на киклоп лезии на истиот. Мерењето на предната тибијална транслација со Rolimeter беше спроведено пред операција, за време на операција и 6 месеци по операција, а одредувањето на проприоцептивната функција со тестот за потсвесно одредување на позицијата на зглобот на коленото во просторот и на резултатите од функционалните прашалници (Tegner, Lysholm) за колено беше направено пред операција и 6 месеци по операција. Резултати: Шест месеци по операција анализата покажа дека лесно хиперинтензивен сигнал на графтот е сигнификантно почест наод кај пациентите од испитуванта група (75%) отколку кај пациентите од контролната група (35,7%), (p=0,0046). Компаративната анализа меѓу двете групи покажа дека во испитуваната група постои помал број на пациенти каде е детектирана течност во делот меѓу графтот и зидот од коскениот тунел, отколку во контролната група (13 вс 22, p=0,05). Површината на постоперативниот коскен едем околу графтот во тибијата беше сигнификантно поголема кај пациентите од контролната група (1,94см2) споредено со пациентите од испитуваната група (0,96см2), (p=0,009). Пациентите од испитуваната група покажаа несигнификантно повисок процент на формиран склеротичен коскен прстен околу графтот во тибијата од оние во контролната група (76,7% вс 67,7%; p=0,076). Анализата на резултатите покажа дека кај пациентите од испитуваната група постојат графтови со сигнификантно поголема интраартикуларна дебелина од оние кај пациентите од контролната група (11,44 ± 1,7 вс 9,47 ± 1,2 мм; p=0,000009), без да постои сигнификантна разлика во измерената ширина на тибијалниот коскен тунел меѓу пациентите од двете групи (p=0,96). Предно-задната колена стабилност беше сигнификантно подобра кај пациентите од испитуваната група како пред операција (3,37 ± 0,5 вс 3,99 ± 0,8 мм; p=0,002), така и 6 месеци по операција (0 ± 0,7 вс 1,05 ± 1,3 мм; p=0,0006). Компаративната анализа меѓу двете групи, покажа дека пациентите од испитуваната група имаат сигнификантно повисоки вредности од Lysholm прашалникот отколку пациентите од контролната група како пред операција (74,12 ± 4,1 вс 69,68 ± 4,1; p=0,00023), така и по операција (97,0 ± 3,6 вс 92,75 ± 5,8; p=0,003). Заклучок: Заедничкото влијание на резидуалниот сноп од скинатиот преден вкрстен лигамент на колено и плазма препаратот богат со тромбоцитни фактори на раст доведува до побрзо созревање на интраартикуларниот дел графтот, побрзо зараснување на графтот за зидот од коскените тунели, побрза ресорпција на постоперативниот едем околу графтот и до појава на графтови со поголема дебелина. Ваквото стимулативно влијание како во раните така и во касните процеси на зараснување на графтот доведува до подобрување на постоперативните клинички резултати во смисла на подобрена предно-задна стабилност на коленото и подобри резултати од функционалните прашалници.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2017 година на Медицинскиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Соња Топузовска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16572
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
S-AlanAndonovski2017.pdf2.6 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

70
checked on Apr 1, 2025

Download(s)

138
checked on Apr 1, 2025

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.