Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16242
Title: Влијанието на образовните квалификации врз успешноста на менаџерите за односи со јавноста
Authors: Новаковска, Мелани
Issue Date: 2021
Publisher: Правен факултет, УКИМ, Скопје
Source: Новаковска, Мелани (2021). Влијанието на образовните квалификации врз успешноста на менаџерите за односи со јавноста. Докторска дисертација. Скопје: Правен факултет, УКИМ.
Abstract: Живеејќи во време на промени предизвикани од глобализацијата, демократизацијата на општествата, појавата и развојот на широко распространетиот безжичен интернет, дигитализацијата, експоненцијалниот и конвергентен технолошки напредок, социјалните медиуми и паметните телефони, сведоци сме на нивни бројни импликации олицетворени во начинот на кој живееме, комунцираме и ги градиме меѓучовечките односи. Поаѓајќи од можностите и последиците на новиот комуникациски систем, карактеристичен за XXI век, како дел од „вмреженото општество“ на Кастелс (2000), се наметнува прашањето во која мерка постојните наставни програми за односи со јавноста соодветствуваат со предизвикот наметнат од новото време, во насока на соодветна наставна подготовка на идните професионалци за односи со јавноста, од една, и колку истите програми ги подготвуваат идните менаџери за односи со јавноста за процесот на носење одлуки, од друга страна. Оваа докторска дисертација поаѓа од претпоставката дека новиот комуникациски систем со широк и дивергентен дострел ја наметнува потребата од промени во наставните содржини во доменот на односите со јавноста со цел тие да соодветствуваат со новите и идните работни предизвици, како дел од новото време. Резултатите од истражувањето придонесуваат за утврдување на влијанието на наставните програми врз успешноста на менаџерите за односи со јавноста, согледување на актуелната ситуација во програмите за односи со јавноста, настанатите промени во нив, во насока на приспособување на новото технолошки предводено дигитално време; насоката на промените во наставните содржини за односи со јавноста, како одраз на актуелните дискусии и проекти на професионалните здруженија за односи со јавноста, наметната од практикувањето на односите со јавноста. Врз основа на погоренаведеното, докторската дисертација нуди амбициозна и, истовремено, реалистична предлог-рамка за осовременување на наставната програма за односи со јавноста соодветна на „вмреженото општество“ и неговата дигитална широко распространета комуникација.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2021 година на Филолошкиот факултет во Скопје, под менторство на проф. д–р Александар Стојков.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/16242
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
S-MelaniNovakovska2021.pdf3.79 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

35
checked on Mar 29, 2025

Download(s)

10
checked on Mar 29, 2025

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.