Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1258
Title: Молкот на жените во Византија помеѓу каноните и реалноста
Authors: Атанасовски, Александар 
Keywords: жени; закони; канони; императорки; црковни расправи; молчење
Issue Date: 2016
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Александар Атанасовски (2016). „Молкот на жените во Византија помеѓу каноните и реалноста“. Годишен зборник на Филозофскиот факултет 69, стр. 73–86.
Journal: Годишен зборник на Филозофскиот факултет
Abstract: Предмет на нашето истражување е молкот на жените во средниот век, со посебен акцент на молкот на жените во Византија, или поточно колку во реалноста се придржувале до канонската одредба за тоа дека жената треба да молчи пред мажот во црква? Да бидеш роден како маж или жена во кое било општество не претставува само обичен биолошки факт. Тоа е биолошки факт со социјални импликации. Жените сочинуваат посебна социјална група, а карактерот на таа група, што историчарите долго време го занемарувале, нема ништо заедничко со женската „природа“. Проблемот лежи во самата природа на општеството и сфаќањето за жената, за која законските одредби и историските извори зборуваат од посебен аспект-машкиот поглед на свет. Мажите имале законска самостојност и право јавно да зборуваат, што на жените им било или забрането или допуштено со негодување. Мажите ја поседувале моќта, па според тоа, нашите извори главно зборуваат за нив. Особено е тешко да се наѕре под површината на средниот век за да се осознае животот на поскромните членови на општеството. Токму затоа, нашето внимание е насочено кон податоците за жените од владетелските фамилии, императорките, колку за нив важеле одредбите за молчење и како некои од нив се впуштале во дискусии по одредени верски прашања, а нивните мислења довеле до значајни одлуки кои што имале битно влијание на настаните во Византија. Сите Византијци кои сочувале податоци за својата цивилизација (историчари, правници или составувачи на житија) биле мажи и нивните списи се посветени на дејноста на нивните машки колеги, тој факт го отежнува нашето истражување и затоа ќе се повикаме на законските одредби од византиското законодавство.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1258
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
alatan04.pdf799.58 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

140
checked on Apr 26, 2024

Download(s)

47
checked on Apr 26, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.