Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/11782
Title: ФЕТАЛЕН НЕОНАТАЛЕН И ПЕРИНАТАЛЕН МОРТАЛИТЕТ И НИВНОТО ДВИЖЕЊЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО ВО СКОПЈЕ
Authors: Габриела Бушиноска Иванова 
Јасна Бушиноска
Ррезеарта Елези
Никола Оровчанец
Keywords: фетален морталитет
неонатален морталитет
перинатален морталитет
У ГАК- Скопје
Issue Date: Dec-2020
Publisher: Association of Albanian Medical Doctors from Macedonia (AAMD – Macedonia)
Journal: MEDICUS
Abstract: АБСТРАКТ Вовед: Феталната, неонаталната и перинатална смртност (морталитет), кај новородените е огледало на здравствениот систем и здравствените политики на една земја. Развиените и прогресивни земји имаат ниски стапки на фетален, неонатален и перинатален морталитет. Најголеми стапки на морталитет кај новородените во светски рамки, се забележани во неразвиените земји и во земјите во развој, од каде потекнува и најголемиот процент на смртноста кај новородените. Организираната перинатална грижа за трудниците, соодветната здравствена заштита и нега во текот на породувањето и по породувањето за мајките и новородените, водат до минимални стапки на смртност кај новородените. Перинаталниот период ги опфаќа новородените породени по 22 г.с. од бременоста и со породилна тежина поголема од 500 гр., на илјада новородени. Бројот на мртвородените и починатите живородени во првите седум дена по породувањето, ја даваат перинаталната смртност. Феталната смртност е бројот на мртвородени новородени во истиот период, а неонаталната смртност ја опфаќа смртноста на живородените во првите четири недели по породувањето на илјада живородени. Цел на трудот: Целта на трудот е да се прикаже стапката на феталниот, неонаталниот и перинаталниот морталитет кај новородените, родени на У ГАК-Скопје и трендовите на негово движење во периодот од 2011-2017 година. У ГАК- Скопје е најголемиот и релевантен перинатален и неонатален центар во државата, каде се третираат комплицираните бремености и новороденчиња со компликации на Одделот за интензивна неонатална нега, поради недоносеност, незрелост, инфекции, аномалии и др.причини, кои може да доведат до зголемена смртност кај новородените. Материјал и методи: Оваа анализа е ретроспективна, пресечна анализа во која се обработува смртноста кај новороденчињата: феталната, неонаталната и перинаталната смртност на новородените породени на У ГАК-Скопје, во период од 7 години (од 2011-2017 година), во однос на вкупниот број на раѓања во тој период. Податоците се собрани од Дата базата на У ГАК- Скопје и Неонаталната интензивна нега и историите на болести на породените жени и новородените во овој период. Феталниот, неонаталниот и перинаталниот морталитет и неговото движење во текот на овие 7 години, е обработен за секоја година посебно и вкупно за целиот период од овие 7 години. Обработена е бројката на починати новородени и тоа поделени во три категории: - Фетален морталитет- мртвородени во вкупната бројка на родени, на 1000 новородени; - Неонатален морталитет- починати живородени од 0-28 дена по породување, на 1000 живородени; - Перинатален морталитет- вкупната бројка на мртвородени и живородени починати во раниот неонатален период до седмиот ден по породувањето, на 1000 новородени. Резултати : Во овој период од 7 години имало 37381 новороденче родени на У ГАК- Скопје, од кои 36706 живородени новороденчиња. Останатите 675 новородени се родени како мртвородени. Стапката на фетален морталитет или мртвородените новородени во овој период, изнесува средно 18,06 ‰ или 675 мртвородени во Medicus 2020, Vol. 25 (3): 325-330 Original scientific paperOriginal scientific paper Revistë mjekësore - MEDICUS | 326 ВОВЕД Развојот и опстанокот на секое општество зависи од природниот прираст и бројот на здрави породувања, што е слика на секој организиран здравствен систем и економски развиена држава. Организираната грижа за мајките и децата, како посебно ранливи категории од населението, се наога мегу најголемите приоритети на социјалната и здравствена политика на многу држави во современиот свет (1). Оваа грижа е поткрепена и со многу мегународни конвенции и документи, како што се Конвенцијата за правата на детето (ООН,1989) (2) и Милениумските развојни цели (3) , чиј потписник е и Македонија, како земја членка на ООН. Перинаталниот период го опфака периодот на фетален раст и развој, од навршена 22 г.с. од бременоста до навршени 6 дена по породувањето. Перинаталниот морталитет е морталитетот или смртност,кој ги опфака сите мртвородени и живородени кои починале по породувањето од 0-7 дена, со родилна тежина поголема од 500 гр.или родени по навршена 22 г.с. од бременоста, на 1000 новородени (4) (5). Неонаталниот морталитет ѓи опфаќа починатите живородени новородени, кои починале во првите четири недели од животот (4). Неонаталниот период, е период со најголема опасност по преживувањето во човековиот живот и смртноста е најголема во овој период од животот, од 0-28 ден по породувањето. Бројот на мртвородени во периодот над 22 г.с. од бременоста и со родилна тежина повеќе од 500 гр. на 1000 новородени, се дефинира како фетален морталитет. Збирот на фетално починати и рано неонатално починати го дава перинаталниот морталитет. Доенечкиот морталитет е морталитетот кај доенчињата во првата година од животот. Морталитетот под пет години е морталитет кај децата до навршена петта година од животот (4) (5). Сите тие имаат свои специфики и значење во вкупниот морталитет кај децата. Мајчиниот морталитет го претставува морталитетот на трудниците, кој е резултат на копликациите во бременоста и во текот на породувањето и се пресметува како смртност кај мајките на 100.000 жени во тековната година. Перинаталниот морталитет е смртност која ги опфака сите мртвородени и живородени кои починале по породувањето од 0-7 дена, со родилна тежина поголема од 500 гр.или родени по навршена 22 г.с. од бременоста, на 1000 новородени (6). Секоја година во светот умираат околу 6 милиони новородени, во перинаталниот период од животот најмногу во неразвиените земји и земјите во развој. Од нив околу 3 милиони се раѓаат како мртвородени, од кои една третина умираат од компликации во текот на породувањето (6). Неонатално починати од вкупната бројка на живородени, односно починати новородени во првите 4 недели по породувањето, во светски рамки секоја година има околу 4 милиони бебиња, од кои 3 милиони умираат во раниот неонатален период од 0-7 дена по породувањето. 98 % од смртноста кај новородените се случува во неразвиените земји и земјите во развој (6),(8). Неонаталнниот морталитет, е процентот на неонатална (новороденечка) смртност на живородените, во неонаталниот период од 0-28 дена по породувањето, или породени после 22 г.с. од бременоста и со породилна тежина поголема од 500 гр., на илјада живородени (5) (6). Неонаталниот морталитет се дели на рана неонатална смртност, период од седум години, од вкупната бројка на родени новороденчиња. Од вкупната бројка на живородени, починале 912 новороденчиња во неонаталниот период по породувањето, од 0-28 ден по породување. Вкупниот неонатален морталитет на У ГАК-Скопје, во овој 7 годишен период изнесува средно 24,85‰, или 24,8 починати новороденчиња во неонаталниот период по породувањето (0-28 ден), на илјада живородени бебиња.Од добиените резултати се гледа дека бројката на рано неонатално починати новороденчиња, од 0-7 ден по породувањето е поголема и изнесува 19,25 ‰, а во касниот неонатален период од 8-28 дена по породување, стапката изнесува 5,56 ‰. Перинаталната смртност или перинаталниот морталитет, кои ги опфаќа мртвородените и починатите живородени новородени до 7 дена по породување, изнесува средно 37 ‰ или 1383 починати новородени во вкупната бројка на родени, во овој седум годишен период. Феталниот, неонаталниот и перинаталниот морталитет на У ГАК- Скопје, во овој временски интервал е поголем одколку во Европските земји и сите три параметри имаат тенденција на пораст за овој седум годишен период. Заклучок: Стапката на феталниот, неонаталниот и перинаталниот морталитет на У ГАК-Скопје и во Македонија е доста висока, повисока отколку во земјите во нашето опкружување, Балканските земји и Европските земји. Потребно е превземање на ургентни мерки за негово намалување.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/11782
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

437
checked on Apr 18, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.