Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10677
Title: КАРАКТЕРИСТИКИ НА АКУТНОТО БУБРЕЖНО ОШТЕТУВАЊЕ ВО НЕОНАТАЛНИОТ ПЕРИОД ВО ЕДИНИЦАТА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА
Other Titles: Characteristics of acute kidney injury in neonatal age at intensive care unit
Authors: Силвана Наунова -Тимовска 
Keywords: акутно бубрежно оштетување
новороденче
асфиксија
Issue Date: 2015
Publisher: Македонско лекарско друштво = Macedonian Medical Association
Journal: Македонски медицински преглед = Macedonian Medical Review
Abstract: Вовед. Акутното бубрежно оштетување е сериозна состојба која го оштетува бубрегот како централен медијатор на хомеостазата на телесните течности и не е редок проблем во единиците за интензивна нега и терапија, особено кај неонаталната популација. Перинаталната асфиксија е често асоцирана коморбидна состојба со бубрежното оштетување. Целта на трудот беше да ги анализира карактеристиките на акутното бубрежно оштетување кај новороденчињата во неонаталната единица за интензивна нега како и асоцираноста со перинаталната асфиксија. Материјал и Методи. Studijata е реализирана на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Се работи за клиничкo, проспективна студија, со која во период од 2 години (Јануари 2013 – Декември 2014) bea анализирани 29 пациенти на неонатална возраст со документирано акутно бубрежно оштетување, а хоспитализирани во единицата за интензивна нега и терпија. При изработката на оваа студија ги користевме податоците од историјата на болеста. Материјалот беше статистички обработен користејќи ги методите на дескриптивната статистика. Резултати. Акутно бубрежно оштетување регистриравме кај 29 новороденчиња. Преваленцата на бубрежното оштетување кај новороенчињата изнесуваше 6,4%. Предоминираше машкиот пол во сооднос со женскиот пол 2,7:1. Најголем дел од пациентите беа термински новороденчиња (66%). Преренално бубрежно оштетување беше регистрирано во 80% од случаите. Најчест предиспонирачки фактор беше перинаталната асфиксијата регистрирана кај 56% од пациентите со предоминација на машкиот пол и на новороденчињата родени во термин. Останати предиспонирачки фактори беа: сепса евалуирана кај 44% од пациентите, прематуритет кај 34% и конгенитални срцеви аномалии евалуирани кај 27% од пациентите. Стапката на морталитет изнесуваше 27,5% и беше повисока кај пациентите со неонатална сепса. Заклучок: Перинаталната асфиксија е доминантен предиспонирачки фактор асоциран со акутното бубрежно оштетување кај новороденчињата. Но, често појавата на бубрежното оштетување кај неонаталната популација е мултифакторијална (во повеќе од 40% од случаите со наонатално АБО), при што постојат една или повеќе асоцирани коморбидни состојби
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10677
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

65
checked on May 29, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.