Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1019
Title: Довербата на вработените во синдикатите и улогата на менаџментот на човечки ресурси
Authors: Стојмановски, Александар
Keywords: менаџмент на човечки ресурси, синдикат, доверба, соработка, колективно преговарање
Issue Date: 2018
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Abstract: Во екот на глобализацијата и сé поголемиот замав на корпорациите и нивните принципи на работа и функционирање насекаде низ светот, синдикалните здруженија имаат помала и поразлична улога во организациијата на коja припаѓаат. Со други зборови, синдикатите сé помалку го извршуваат самиот чин за кој се создадени, а тоа е да ги штитат правата и интересите на своите членови и вработени. Во ера на транзиција од еден политички систем во друг, и потребите од европски реформи, менаџирањето на човечки ресурси од спротивност, прераснува во тесна и витална потпора, но и своевидна замена на синдикализмот. Како и да е, синдикалните здруженија треба да бидат во тесна врска со одделите, односно секторите за менаџмент на човечки ресурси, бидејќи имаат заеднички интерес – работниците, и стратегиите на менаџментот на човечки ресурси кои кореспондираат со мисијата на синдикатите. Меѓутоа, во ера на мултинационални корпорации и помали приватни претпријатија, како и приватизирање на повеќето државни претпријатија, синдикализмот полека почнува да биде заменуван со менаџментот на човечки ресурси. Тоа побудува интерес за проучување на тој трансфер на грижа за благосостојбата на вработените од еден систем во друг (од синдикализам во менаџмент), и со тоа да се согледаат сите можни решенија за заштитување на интересите на работниците. Ова истражување е од суштинско значење за да се провери довербата на самите вработени во синдикалните здруженија и одделите за менаџмент на човечки ресурси, нивната комуникација како потреба за заштитa на вработените, но исто и да ги испита нивните спротивности, сличности, начини на функционирање, и да понуди решенија за неопходна соработка во име на вработените.
Description: Магистерска теза одбранета на 10 декември 2018 на Филозофскиот факултет во Скопје, пред комисија во состав: 1. проф. д-р Јован Пејковски (ментор); 2. проф. д-р Сунчица Димитријоска; 3. проф. д-р Марина Митревска.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/1019
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 07: MA Theses / Магистерски тези

Show full item record

Page view(s)

65
checked on Mar 23, 2025

Download(s)

203
checked on Mar 23, 2025

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.