Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10108
Title: Лапароскопска апендектомија кај деца во Република Македонија
Other Titles: Laparoscopic appendectomy in children in Republic of Macedonia
Authors: Ристо Симеонов
Тони Ристески 
Шабан Мемети 
Весна Цветаноска
Миле Петровски 
Keywords: дете
акутен апендицит
лапароскопска апендектомија
Issue Date: 2017
Publisher: Институт за јавно здравје = Institute of Public Health
Journal: Архиви на јавното здравје = Archives of public health
Abstract: Вовед и цели: Акутниот апендицитис претставува најчеста акутна абдоминална хируршка состојба во детската возраст. Животниот ризик за апендицитис се проценува на 8.7% за момчиња и 6.7% за девојчиња. Целта на оваа студија беше да ги анализира првичните искуства од лапароскопската апендектомија кај деца на Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје, а со цел да се процени нејзината сигурност, ефикасност, технички предизвици и добиените резулатаи. Матерјал и методи: Анализирани се првите 10 случаи на лапароскопска апендектомија во период од јануари 2013 до јануари 2014 година. Анализирани се: возраста на пациентите, оперативното време, должината на престој во болница, морталитет/морбидитет, употребата на антибиотици и аналгетици, патохистолошкиот наод, интраоперативни и постоперативни компликации, времето на појава на почеток на перисталтиката на цревата постоперативно, просечно време до прво испуштање на гасови, појава на прва спонтана столица, период на следење, козметскиот ефект. Резултати:Кај сите десет пациенти со успех беше завршена лапароскопска апендектомија без конверзија кај ниту еден пациент. Седум пациенти имаа акутен флегмонозен апендицитис, два гангренозен, a еден пациент имаше хроничен апендицитис. Кај сите десет пациенти има патохистолошка верификација на отстранетиот апендикс. Возраста на пациентот се движи од 6 до 14 години (средна вредност од 10,8 години). Немаше постоперативни компликации во (инцизионална хернија или абсцес) кај ниту еден пациент од десетте пациенти, со минимално следење од една година. Просечното оперативно време за лапароскопска апендектомија беше 45 мин. Просечниот престој во болница беше 3 денови по пациент. Според времето на појава на почеток на перисталтиката на цревата кај осум пациенти почетокот на воспоставување на перисталтика е во просек четири часа, а кај двајца пациенти е шест часа. Појава на прва спонтана столица беше во интервал од 12 до 18 часа. Постоперативната употреба на аналгетици беше употребена кај осум деца, а две деца не побаруваа аналгезија постоперативно. Заклучок:Лапароскопската апендектомија е безбедна и ефикасна техника за третман на акутен апендицитис и дава предности во однос на намалување на постоперативната болка, намалена престој во болница, и брзо враќање на нормалните активности. Иако нашето искуство со лапароскопска процедура е мало, ние сме охрабрени да продолжиме со лапароскопска апендектомија. Со добра обука, подобрување на хируршката техника, лапароскопската апендектомија се повеќе ќе станува хируршка процедува од избор при третман на акутен апендицитис во детска возраст.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10108
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

95
checked on May 11, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.