Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10093
Title: Laparoscopic hernioplasty in the treatment of female inguinal hernias in children age
Other Titles: Лапароскопска херниопластика во лекувањето на ингвинална хернија кај женски деца во детска возраст
Authors: Risteski, T 
Simeonov R
Cvetanoska V
Petrovski, M 
Keywords: ингвинална хернија
деца
лапароскопска интервенција
минимална инвазивност
Issue Date: 2017
Publisher: Medical Faculty, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
Journal: Physioacta
Abstract: Вовед: Ингвиналната хернија претставува најчеста причина за консултација со детски хирург, и е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Инциденцијата на индиректна ингвинална хернија изнесува од 0.8-4.4%. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно, за што постојат повеќе хируршки техники на отворени и минимално инвазивни лапароскопски техники. Цел: Целта на оваа студија е да укаже на дескриптивните карактеристики на првичните случаи на примена на лапароскопската херниопластика како техника за лекување кај женски деца со дијагностицирана вродена индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува дескриптивна студија во која е користен клинички материјал од Универзитетската Клиника за детска хирургија во Скопје. Примерокот опфаќа вкупно десет женски деца на возраст од 0-14 години кај кои во периодот од 2014/15 година, со клинички преглед, е дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Испитаниците во примерокот се третирани со лапароскопски херниопластика Резултати: Просечната возраст на испитаниците изнесува 79,2±36,3 месеци со минимум 36 и максимум 168 месеци. Според страната на локација на ингвиналната хернија, кај 7 (70%) од пациентите таа е деснострана, кај 2 (20%) е левострана и кај 1 (10%) е билатерална. Во тек на лапароскопската експлорација за ингвинална херниопластика, како случаен наод се најдени две конкомитантни ингвинални херниии и истите се сутурирани со истата техника во еден акт. кај 50% од испитаниците интервенцијата траела пократко од 26 (23 - 31) минути. Должината на престојот во болница изнесува 10,8±3,1 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 часа а најдолгиот 18 часа. Педесет посто од децата заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа. Просечното време до вертикализација во кревет изнесува 4,1±0,9 часови со минимум од 3 и максимум од 6 часови. Аналгезија, поради жалење на болка е дадена само кај 2 (20%) од децата. Кај 50% од децата должината на белегот е помала од 2мм. Кај сите случаи (100%) белегот е тешко приметлив, а само кај 1 (10%) постои неопределен став во однос на тоа дали тој нарушува естетика. За време на 6 месечниот постоперативен период на следење, нема рекурентни хернии на пациентите. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен во лекувањето на ингвиналната хернија кај женските деца е минимално инвазивна процедура која дава предности во однос на намалување на постоперативната болка, намален престој во болница, брзо враќање на нормалните активности, како и одличен козметички ефект.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10093
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Files in This Item:
File SizeFormat 
Toni Risteski PHYSIOACTA 2017.docx1.31 MBMicrosoft Word XMLView/Open
Show full item record

Page view(s)

103
Last Week
1
Last month
2
checked on Nov 9, 2024

Download(s)

24
checked on Nov 9, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.