Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10091
Title: Споредба на лапароскопска херниопластика со конвенционална техника кај женски деца со индиректна ингвинална хернија
Other Titles: COMPARISON OF LAPAROSCOPIC HERNIA REPAIR WITH CONVENTIONAL TECHNIQUE IN FEMALE CHILDREN WITH INDIRECT INGUINAL HERNIA
Authors: Тони Ристески 
Ристо Симеонов
Шабан Мемети 
Весна Наунова
Миле Петровски 
Keywords: ингвинална хернија
женски деца
лапароскопски асистирана техника
Issue Date: 2017
Publisher: Институт за јавно здравје = Institute of Public Health
Journal: Архиви на јавното здравје = Archives of public health
Abstract: Вовед: Ингвиналната хернија произлегува и е резултат на незатворање на procesus vaginalis peritonei, кој е нормално отворен во тек на феталниот живот и се затвора со раѓањето.Ингвиналната хернија претставува најчеста дијагноза за консултација со детски хирург, а херниопластиката е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно за што постојат повеќе хируршки техники на отворени и минимално инвазивни лапароскопски техники. Цел: Истражувањето има за цел да ги спореди отворената конвенционална техника за третман на ингвиналните хернии наспроти лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен кај женски деца со клинички дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува проспективна аналитичка (case control) студија, спроведенa на Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје во периодот 2015/16. Опфатени се 20 женски деца на возраст од 1-14 години со клинички дијагностицирана индирекна ингвинална хернија. Испитаниците од испитуваната група се третирани со лапароскопска херниопластика, а оние од контролната група со конвенционална техника. Резултати: Просечното времетрање на интервенцијата во испитуваната односно контролната група изнесува 27,6±6,1 v.s 64,8±7,2 минути. Должината на престојот во болница во двете групи изнесува консеквентно 10,8±3,1 v.s 27,2±4,2 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 v.s 24 часа а најдолгиот 18 v.s 36 часа. Педесет посто од децата во испитуваната група заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа споредено со оние од контролната група кај кои тоа изнесувало 9 часа. Просечното време до вертикализација во кревет во двете групи изнесува 4,1±0,9 v.s 9,9±1,8 часови со минимум од 3 v.s 7 и максимум од 6 v.s 12 часови. Просечната должина на белегот изнесува 1,9±0,9мм во испитуваната и 34,8±17,4мм во контролната група. За p<0,0001, утврдена е сигнификантна разлика помеѓу двете групи во однос на времетраење на интервенцијата, должина на престој во болница, заземање нормална положба во кревет, вертикализација во кревет и должина на белегот во прилог на испитуваната група. Алгезија, поради жалење на болка е дадена кај 2 (20%) од децата во испитуваната и 8 (80%) од оние во контролната група. Лесно впечатлив белег имаат 8 (80%) од пациентите во контролната група и ниеден пациент од испитуваната група. Белегот не ја нарушува естетиката кај 9 (90%) од пациентите во испитуваната група, и кај 2 (20%) од оние во контролната група. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален канал со еден порт, преставува минимално инвазивна метода за третман на ингвинални хернии во детска возраст со посебни предносто кај женските деца. Се чини дека наспроти бројните техники за третман на ингвиналните хернии во детска возраст во последната деценија, едно портната лапароскопска техника на затворање на внатрешниот ингвинален прстен претставува врвно достигнување во оваа проблематика.  
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10091
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

104
checked on May 11, 2024

Download(s)

7
checked on May 11, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.