Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10002
Title: Основи на денешната криза на новинарот како морален субјект
Other Titles: Basis for today’s crisis of the journalist as a moral subject
Authors: Донев, Дејан 
Issue Date: 2019
Publisher: Studiorum
Source: Донев, Д. „Основи на денешната криза на новинарот како морален субјект“, Евродијалог 24, Скопје, 2019, стр. 107-122
Journal: Евродијалог, списание за европски прашања
Abstract: Денес, основните прашања кои ја отсликуваат нашата запрашаност во однос на суштината и значењето на новинарството се генерално истите како и порано: кој е новинарот, што е негова примарна дејност, во чиј интерес дејствува и кому е истиот одговорен? Праксата на новинарскиот дискурс, во моментов, покажува дека новинарот во сите фази на овој процес, лека полека го губи местото на субјект, сфатен како темел, носител на дејствувањето. Новинарот како субјект - известувач исчезнува, неговото место во контролата над процесите во медиумската реалност го преземаат безлични структури и механизми на моќта, сопственици на капиталот и носители на власта, со што поголемиот дел од работата на новинарот може да се окарактеризира како пасивна преработка на информацијата. Повеќе од јасно е дека Постмодерната под знак прашалник ги става нормите и етиката, но сепак не се работи толку многу за криза на вредностите, колку што се работи за човекот кој нив не ги следи. Најголемото добро за новинарот како новинар е исто што и најголемото добро за новинарот како човечко суштество: развој на автентичноста, разбрана како определување на човечката особеност или неговото Јас во смисла на она што човекот го прави, како и негова спремност да ја преземе одговорноста. Разбирањето на етиката како лична етика, не значи дека поединецот одредува што е добро, а што не, туку дека неговото однесување го одредува како личност: човекот е етичен само онолку колку што е спремен да ја прими одговорноста. Оттука, етиката во новинарството може да ја „спаси“ само нејзиниот носител - оној кој би требало да биде етичен, односно одговорен, значи новинарот! Но, прво, истиот мора да се „спаси“ себеси, т.е. да се соочи со губењето на својата субјективност, како и да ја надвладее својата неавтентичност.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10002
ISSN: 1857-8136
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
4_Donev_osnovi-na-moralna-kriza - SREDEN.doc111 kBMicrosoft WordView/Open
Show full item record

Page view(s)

46
checked on Apr 1, 2025

Download(s)

12
checked on Apr 1, 2025

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.