Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9930
Title: КВАНТИТАТИВНО ОДРЕДУВАЊЕ НА КАЛПРОТЕКТИН ВО АСЦИТ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО СПОНТАН БАКТЕРИСКИ ПЕРИТОНИТИС ПРЕД И ПО АНТИБИОТКСИОТ ТРЕТМАН
Authors: Личоска-Јосифовиќ, Фана 
Трајковска, Мери 
Гривчева-Старделова, Калина 
Чалоска-Иванова, Викторија 
Димитрова-Генадиева, Магдалена 
Тодоровска, Бети 
Аврамоски, Владимир
Пипонска, Магдалена
Јоксимовиќ, Ненад 
Keywords: калпротектин
спонтан бактериски перитонитис (СБП)
црнодробна цироза
Issue Date: 2019
Publisher: SHMSHM / AAMD
Journal: MEDICUS
Abstract: Вовед. Спонтаниот бактериски перитонитис (СБП) кај пациентите со црнодробна цироза е новонастаната,спонтана бактериска инфекција на стерилна асцитна течност, во отсуство на интраабдоминални извори на инфекција или малигнитет. Најсензитивен показател за поставување на дијагнозата е кога бројот на полиморфонуклерани клетки (ПМНК) е ≥250 во 1 мл асцитна течност (рачното микроскопско или автоматизирано пребројување) и/или кога во микробиолошката култура биде изолиран еден бактериски вид. Цели Целите на нашата пилот студија беше да се одреди концентрацијата на калпротектин во асцит кај пациентите со СБП и не-СБП со BÜHLMANN Quantum Blue®Reader, дали има сигнификантна разлика меѓу просечните вредности на Turcotte-Pugh II и MELD скорот кај пациентите со СБП и не-СБП и да се одреди концентрацијата на калпротектин кај пациенти со СБП пред и по антибиотскиот третман. Материјали и методи. Во оваа проспективно-аналитичко-опсерваториска пилот студија беа вклучени 30 пациенти со црнодробна цироза и асцит, поделени во две групи, СБП и не-СБП. Квантитативното мерење на калпротектин во асцит се вршеше со тестот Quantum Blue Calprotectin Ascites (LF-ASC25). Собраните податоци се обработија со помош на статистичкиот програм SPSS 23 за Windows. Резултати и дискусија: Во нашата студија просечната вредност на калпротектин кај пациенти со СБП беше 1.4 μg/mL Најниската вредност на калпротектин во испитуваната група беше регистрирана кај еден пациент со вредност од 0.61 μg/mL, додека највисока вредност од 1.81μg/mL кај четири пациенти. Резултатите покажаа повисоки вредности на калпротектин во асцит кај пациенти со алкохолна болест на црниот дроб во споредба со останататите етиологии. Рефракторен асцит се регистрира кај 60,0% од испитаниците а само кај еден пациент (6,7%) се регистрира klepsiella pneumonie во микробиолошката анализа на асцитот. Нодамна објавентие студии презентираа слични вредности на калпротектин во асцит како и нашата студија. Според Child-Turcotte-PughII класификација сите пациенти од испитуваната група беа класа C, додека просечната вредност на MELD скорот изнесуваше 23,9±6,2. Контролниот број на ПМНК кај сите испитаниците во испитуваната група беше < 200 во 1 мл асцитна течност, додека просечната вредност на клапротектин во асцтот беше 0.69μg / mL и укажа на добар одговор на иницијалниот антибиотски третман, со исклучок на четворица пациенти со концентрација на калпротектин во асцит поголема од 1,39 μg /l , и индиректно покажа дека најверојатно станува збор за лажно негативен број на ПМНК. Двајца пациенти со виско ниво на калпротектин во асцит и покрај конвенционалнитот третман за СБП настапи смртен исход во тек на двенеделна хоспитализација. Високото ниво на калпротектинво асцит по седудневен антибиотски третман е лош прогностички знак за двенеделно преживување.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9930
ISSN: 1409-6366
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
httpsimjm.mk Calprotektin.pdf2.38 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

202
checked on Apr 24, 2024

Download(s)

32
checked on Apr 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.