Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9572
Title: КОМПАРАТИВНА ДОЗИМЕТРИСКА ЕВАЛУАЦИЈА НА РЕФЕРЕНТНИТЕ ВРЕДНОСТИ ПРИ ДВОДИМЕНЗИОНАЛНО И ТРИДИМЕНЗИОНАЛНО ПЛАНИРАЊЕ НА ИНТРАКАВИТАРНА БРАХИТЕРАПИЈА СО ВИСОКА БРЗИНА НА ДОЗА КАЈ ЛОКАЛНО НАПРЕДНАТ КАРЦИНОМ НА ЦЕРВИКС
Authors: Виолета Клисаровска 
Keywords: брахитерапија со висока брзина на доза
цервикален карцином
интракавитарна брахитерапија
органи од ризик
Issue Date: Jun-2018
Abstract: Вовед: Интракавитарната брахитерапија е една од најефикасните радиотераписки техники во третманот на цервикалниот карцином, со која се надополнува радиотераписката доза реализирана со перкутаната радиотерапија. При конвенционалното дводимензионално (2Д) планирање на третманот дозата се препишува во референтни точки. Тридимензионалното планирање (3Д) е во волуменски структури, што овозможува зрачење со прецизна и контролирана висока доза во туморот, а максимална заштита на органите од ризик. Материјал и методи: Во истражувањето беа анализирани податоците од вкупно 200 пациентки, сите со локално напреднат иноперабилен карцином на цервикс, третирани во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Од нив 100 ја сочинуваа испитуваната група (ИГ), кај кои проспективно дозиметриски се анализираа 300 брахитераписки апликации спроведени според 3Д - планирање и споредени со виртуелно 2Д - планирање. Ретроспективно се анализираше честотата на појавување на радијационо индуцирани акутни несакани ефекти на органите од ризик (мочен меур и ректум) во контролна група (КГ) сочинета од 100 пациентки (300 брахитераписки апликации), третирани во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Во КГ брахитерапијата беше спроведена според 2Д начин на планирање. Кај сите пациентки беше реализирана конкурентна хемотерапија со екстерна радиотерапија, со последователна интракавитарна брахитерапија со висока брзина на доза. 2Д - планирањето се спроведуваше на постеро-антериорна графија и латеро-латерална графија добиени со C-arm или класичен симулатор SIMULIX, во референтни точки според Меѓународната комисија за радијациони единици и мерења [International Commission on Radiation Units and Measurements (ICRU)], а 3Д - планирањето на прецизно КТ обликуван волумен од интерес. Во 2Д - плановите дозата се пресметуваше и реферираше според препораките на ICRU 38, а во 3Д - плановите адаптирано според „минималните стандарди" на ICRU 89. Интракавитарната брахитерапија се спроведуваше со Gamma Мed апарат со радиоактивен извор Иридиум 192. Резултати: По однос на целниот волумен споредбата во ИГ покажа значајно повисоки просечни вредности по однос на ICRU референтната точка „A“ (лево 7,15 Gy, десно 7,17 Gy) одговорна за целниот волумен во 2Д планирање, споредено со нејзината реконструкција во 3Д - планирање (лево 6,94 Gy, десно 7,02 Gy). 3Д - планирањето преку дозно-волуменскиот хистограм ја покажа изодозната покриеност на целниот волумен во целост, а не само во точка. Се утврди дека просечна вредност од 53.74% од целниот волумен прима 100% и просечна вредност од 58,75% прима 90% од зададената доза. Односно, во 100% од целниот волумен е реализирана просечна доза од 1,76 Gy, во 95% 2,79 Gy и во 90% 3,24 Gy. Во однос на органите од ризик, во ИГ, со 2Д - планирањето се верифицираа значајно пониски дозни вредности во споредба со 3Д - планирањето. Анализата на 2Д - планирањето кај мочниот меур покажа просечна доза од само 3,45 Gy во ICRU референтната точка, но 3Д - планирањето покажа значајно повисоки просечни дози, и тоа: максимална доза од 7,97 Gy, доза од 4,68 Gy во 2 ссм од вкупен волумен и доза од 4,14 Gy во 2 ссм волумен од ѕидот на мочниот меур. Кај ректумот, 2Д - планирањето покажа просечна доза од 2,91 Gy во ICRU референтните точки, а значајно повисоки просечни дозни вредности се добија при 3Д - планирањето и тоа: 5,77 Gy како максимална доза и 3,79 Gy во 2 ссм од вкупен волумен и доза од 3,59 Gy во 2 ссм волумен од ѕидот на ректум. Пациентките од ИГ и КГ сигнификантно се разликуваа во однос на степенот на акутна токсичност на несаканите ефекти кои се манифестираа во вид на радијационен циститис (p<0.001) и радијационен проктитис (p=0.0038). Во ИГ несаканите ефекти на мочниот меур и ректумот беа со значајно понизок степен на токсичност во однос на КГ. Заклучок: КТ базираното 3Д - планирање го индивидуализира третманот преку волуменското претставување, што резултира со реална и прецизна идентификација на дозата во целниот волумен, но најголемиот бенефит е во дозната контрола кај органите од ризик.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9572
Appears in Collections:Faculty of Medicine: PhD Theses

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Докторат - Клисаровска.pdf3.32 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

25
checked on Apr 12, 2021

Download(s)

45
checked on Apr 12, 2021

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.