Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9518
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorДескоски Тониen_US
dc.contributor.authorДоковски Вангелen_US
dc.date.accessioned2020-11-10T19:39:12Z-
dc.date.available2020-11-10T19:39:12Z-
dc.date.issued2016-
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/9518-
dc.description.abstractВо оној момент кога вондоговорниот однос ќе ги надмине границите на една држава и истиот во себе ќе вклучи странски елемент, пред истиот да биде мериторно регулиран, потребно е да се определи меродавното материјално право според кое токму тој однос ќе биде мериторно регулиран. За разлика од непосредниот метод кој се користи во облигационото право (како и во секоја друга гранка на внатрешното, супстанцијално право), според кој правата и обврските на страните веднаш се регулираат, при определувањето на меродавното право се користат специфични норми кои се познати под називот – колизиони норми. Токму колизионите норми се единствено карактеристични за меѓународното приватно право, како единствена гранка на позитивното право која за свој централен предмет на изучување го има определувањето на меродавното право (решавање на судирот на законите). Во овој текст авторите вршат анализа на традиционалните точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета преку давање на целосен преглед на основните начела на меѓународното приватно право: правната сигурност и најтесната врска. Основната хипотеза која ја испитуваат авторите е дека развојот на општествените односи влијае во промената на сфаќањата во делот на меѓународното приватно право со кој се регулира судирот на законите за самата цел и улога на точките на врзувањето. Исто така, авторите вршат и анализа на разликите помеѓу државите кои припаѓаат на европскиот континентален правен систем од една страна и државите со англосаксонска правна традиција, во однос на нивните сфаќања за основите на класичните точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штета.en_US
dc.language.isomken_US
dc.publisherIustinianus Primus Law Faculty in Skopjeen_US
dc.relation.ispartofГодишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во чест на проф. д-р Петар Манговски, Том 55en_US
dc.subjectвондоговорна одговорност, lex loci delicti commissi, lex loci damni, најтесна врска, вообичаено престојувалиштеen_US
dc.titleТрадиционални точки на врзувањето кај вондоговорната одговорност за штетаen_US
dc.typeArticleen_US
item.fulltextWith Fulltext-
item.grantfulltextopen-
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles
Прикажи едноставен запис

Page view(s)

412
checked on 27.11.2025

Download(s)

366
checked on 27.11.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.