Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9516
Title: Поимно определување на вондоговорната одговорност во меѓународното приватно право на Европската Унија
Authors: Дескоски Тони
Доковски Вангел
Keywords: вондоговорна одговорност, европска конфликтна револуција, хармонизација, автономни концепти, PETL.
Issue Date: 2016
Publisher: Германска фондација за меѓународна правна соработка,рег. здруж. (Deutsche Stiftung für internationale rechtliche Zusammenarbeit eingetragener Verein)
Journal: Европско право
Abstract: Во современиот период, се повеќе се развива нов правец на размислување во теоријата на приватното право, кој има за цел да биде познат како “права” односно како“анализа на правата“. Овој правец на анализа подразбира да се развие разбирање на приватното право на облигациите, водено пред се или исклучиво од признавање на правата кои ги имаме еден спрема друг. Голем број на доктрини во рамките на деликтното право се анализираат токму низ новниот принцип на анализа на правата (right-based analysis). Овој принцип, пак се повеќе има влијание и во правото на Европската унија. Набљудувајќи ја Европската унија во однос на правните системи кои ги има интегрирано во себе, недвосмислено се изведува заклучокот на вклучување на држави кои припаѓаат на англо-саксонскиот правен систем и на оние кои ја имаат европската континентална правна традиција. Преку инкорпорирање на англо-саксонскиот и европскиот континентален правен, во рамките на Европската унија, традиционалните прашања кои правниците ги решаваа во согласност со нивната правна традиција, создаде нов феномен каде двата правни системи треба да соработуваат. Ова е особено воочливо во делот на меѓународното приватно право на Европската унија каде е потребно да се изврши унифицирање на правилата за решавање на судирот на законите и судирот на јурисдикциите. Тоа што е заедничко и за двата правни системи е прашањето кое го поставува материјалното право, независно дали станува збор за држави со англо-саксонски или европски континентален правен систем – која е улогата на концептот на “правата“ во приватното право? Одговорот на ова комплексно и тешко прашање мора да биде рефлексија на двата термини на прашањето “приватно право“ и “права“. Но како да знаеме кои права ние ги имаме? Поточно, како да знаеме кои права ги имаме во однос на другите граѓани. Вообичаен одговорот во државите со англо-саксонски правен систем би бил дека нашите права во однос на правата на другите граѓани (приватните права), се воспоставуваат со судски одлуки. Но, веднаш може да биде истакнат приговор дека судските одлуки не се одлуки за должностите на граѓаните воопштено на едни спрема други. Од тие причини потребно е да се анализираат и законските одредби од кои произлегуваат приватните права. Во текстот авторите ќе дадат преглед на прашањата поврзани со определувањето на поимот на вондоговорната одговорност во правото на државите-членки на Европската унија (држави со европско-континтетнален правен систем и со англо-саксонска правна традиција), потоа определувањето на поимот на вондоговорната одговорност за потребите за решавањето на судирот на законите во европското меѓународно приватно право како и појавата на новата европска конфликтна револуција.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9516
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

78
checked on Mar 28, 2024

Download(s)

334
checked on Mar 28, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.