Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9506
Title: Подрачје на примена на Регулативата Брисел I
Authors: Дескоски Тони
Доковски Вангел
Keywords: мпп, Регулатива Брисел I, меѓународна надлежност
Issue Date: 2017
Publisher: Iustinianus Primus Law Faculty in Skopje
Journal: Годишник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во чест на проф. д-р Марјан Марјановски Том 56
Abstract: Во рамките на Европската Унија несомнен е брзиот развој на Меѓународното приватно право на Европската Унија. Секојдневната интензивна појава на граѓанско-правни и граѓанско-процесно-правни односи со странски елемент, неминовно ја наметна потребата од унификација на правилата на меѓународното приватно право. Во последните две децении, најзначајна еволуција на меѓународното приватно право можеме да ја забележиме токму преку анализа на меѓународното приватно право на Европската Унија. При тоа, создавањето на единствени правила за меѓународна надлежност во граѓански и трговски работи е една од областите каде се бележи најзначаен успех. Преку Регулативата Брисел I (Новела), се поставени темелите за натамошна изградба на единствен судски систем и слободно движење на судските одлуки. Но, за да може да се постигне таа цел, потребно е да се почитува суверенитетот на државите од една страна, да се разбере потребата на субјектите на правото, од друга страна, и да се поттикне меѓусебната доверба помеѓу правосудствата на државите членки. Заради тоа, и при изработката на Регулативата Брисел I (Новела), користен е пристап кој врши помирување на разликите помеѓу правните системи на државите членки. Успешното функционирање на Бриселката конвенција, ја наметна потребата од задржување на нејзината структура и од натамошно одржување во живот на одредбите кои го определуваа досегот на примената на конвенциските правила. Преку определување на подрачјето на примена, во суштина се поставуваат границите во кои се создава единствен судски простор. Така, со помош на Регулативата Брисел I (Новела), создаден е единствен простор во рамките на судската надлежност и признавањето и извршувањето на одлуки во граѓански и трговски работи, притоа негативното определувајќи го поимот граѓански и трговски работи.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9506
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Подрачје на примена на Регулативата Брисел I.pdf2.56 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

30
checked on Mar 28, 2024

Download(s)

124
checked on Mar 28, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.