Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/823
Title: Инклузија на учениците со аутистичен спектар на нарушувања
Authors: Митевска, Александра
Трајковски, Владимир 
Keywords: инклузија, АСН, наставници, стручен тим
Issue Date: 2014
Publisher: Faculty of Philosophy, UKIM, Skopje, Macedonia
Source: Митевска А, Трајковски В. Инклузија на учениците со аутистичен спектар на нарушувања. Во: Чичевска Јованова Н, Димитрова Радојичиќ Д, Јачова З, уредници. Зброник на трудови од Четврта меѓународна конференција: Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност, 17-19 октомври 2013, Охрид: Филозофски факултет, 2014. 200-212
Conference: Современи аспекти на специјалната едукација и рехабилитација на лица со инвалидност
Abstract: Вовед: Успешна инклузија на учениците со аутистичен спектар на нарушувања (АСН) во редовните училишта претставува голем предизвик и неисцрпен извор на истражувања и научни дискусии за сите инволвирани во овој екстремно комплексен процес. Личните ставови, однесувањето и професионалноста, како на наставниците така и на стручниот тим, се од витално значење во процесот на инклузија воопшто, па и на учениците со АСН. Методологија: Основна цел на истражувањето е да се испита колку наставниците, стручниот тим и, воопшто, целата училишна средина се подготвени за инклузија на децата со АСН. Основни задачи на истражувањето се: да се утврди нивото на подготвеност на наставниците за прифаќање на учениците со АСН, како и подготвеноста на стручниот тим да одговори на повикот за помош од страна на наставниците во случај на потреба од тоа, како и влијанието на ставовите, искуствата и знаењата на наставниците и стручниот тим во процесот на инклузија. За обработка на податоците беа користени компаративниот метод и методот на дескриптивна анализа, а истите беа добиени со употреба на прашалник за инклузија на деца со АСН. Резултати: Едномесечното истражување опфати 72 испитаника, од кои 36 наставници во редовни училишта во кои е започнат процесот на инклузија, 36 члена на стручните тимови во истите редовни училишта и дефектолози од две посебни училишта. Поголемиот дел од испитаниците се согласиле дека децата со АСН треба да бидат инклузирани во редовните училишта (92,8%) и дека за учениците со АСН е многу важно да добиваат посебни образовни услуги (88,4%). Само 26% од испитаниците се сложиле дека учениците со типичен развој имаат корист од комуникацијата со ученици со АСН (26,4%). Заклучоци: Според добиените резултати, сè уште немаме цврста подлога за вистинска инклузија на ученици со АСН.
Description: Четврта меѓународна конференција на Институтот за дефектологија што се одржа од 17-19 октомври 2013 година во Охрид по повод 20 години постоење на Институтот за дефектологија.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/823
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Mitevska-Trajkovski-Inkluzija na uchenicite so ASN-Ohrid conference-2013.pdfPDF259.21 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

200
Last Week
0
Last month
4
checked on Apr 25, 2024

Download(s)

45
checked on Apr 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.