Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7532
Наслов: За неконзистентноста на инкриминациите за економските казнени дела
Authors: Tupanceski, Nikola; Deanoska - Trendafilova, Aleksandra
Keywords: економски криминал, пазар, казнено дело, инкриминации
Issue Date: 2017
Publisher: Институт за правно-економски истражувања и едукација, Јуридика Прима
Conference: 3-тата меѓународна научна конференција на Охридската школа на правото, 2017 година
Abstract: Економскиот криминал е еден од најсериозните облици во феноменологијата на криминалот во Република Македонија и тој има јасни карактеристики на организиран криминал, со мултидисцилинарна димензија. Имено, неговата теоретска елаборација, како и практичното постапување во функција на казненоправна репресија, нужно претпоставува анализа на пазарот и познавање на низа стопански и финансиски параметри. Во врска со економските казнени дела, поточно во делот на нивното инкриминирање, една од тешкотиите во процесирањето на ваквите предмети е отсуството на прецизни дефиниции на централните поими на едно економско казнено дело, како и изедначувањето на поимите „службено лице“ и „одговорно лице“. Друго проблематично подрачје е систематиката на економските инкриминации кои ги отсликува дисперзија во повеќе глави од КЗМ; дополнително бројката на економски инкриминации во вонкривичните прописи е доста висока, а најголемиот дел од нив се некомплементари со одредбите од КЗ; Честите измени и дополнувања на КЗМ кои не ја одминаа и оваа сфера, за жал не ја следат доследно еволуцијата и воопшто случувањата во економските односи во нашата држава; критика заслужуваат низа постојни инкриминации кои најчесто не се ни применуваат, а КЗ последниве години беше „збогатен“ и со низа чудни решенија за нелогични и непознати дела во компаративното право. Оттука, системот на економски инкриминации треба да биде предмет на сериозна ревизија, како впрочем и целиот Кривичен законик.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7532
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

171
Last Week
1
Last month
checked on 29.8.2025

Download(s)

44
checked on 29.8.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.