Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7148
Title: Анализа на влијанието на цементот врз реолошките својства на самовградливиот бетон - фаза малтер
Authors: Ковачка Анета
Абази Сеад
Аранѓеловски Тони
Keywords: Самовградлив бетон; Проектирање на состав; Својства во свежа состојба; Варовничка прашина; Slump-flow; V-funnel.
Issue Date: Oct-2019
Publisher: Друштво на Градежни Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје
Source: Kovachka A., Abazi S., Arangjelovski T., “ Cement influence analysis on rheological properties of self-compacting concrete – mortar phase”, MASE 18th International Symposium, Ohrid, 2nd – 5th October 2019, ISBN 978-608-4510-35-2
Series/Report no.: Современи материјали;ММ - 7
Conference: 18-ти Меѓународен Симпозиум на Друштвото на Градежни Конструктори на Македонија
Abstract: Овој труд се однесува на самовградливиот бетон (SCC). Способноста за самовградливост се постигнува со проектирање на бетонот да поседува соодветни по природа реолошки карактеристики, целосно исполнување на оплатата и обвиткување на арматурата без употреба на надворешни вибратори. Самовградливиот бетон има релативно висока содржина на прашинести материјали (како минерален адитив се употребува варовничка прашина). Самовградливиот бетон за прв пат бил воведен во Јапонија во средината на 1980-ите години. Во Европа, истражувањата и развојот на самовградливиот бетон започнуваат во Шведска, 1990 год. Кај нас во Македонија е употребен во 2013год. при изведба на Телекомуникационата кулана Водно – Скопје. Три главни цели се опфатени во овој труд: 1. Дoбивање на систематски метод за проектирање на составот за малтер потребен за самовградлив бетон кој ќе го олесни проектирањето; 2. Влијание на зголемувањето на количеството на цемент врз својствата на самовградливиот бетон; 3. Анализа на реолошките својства на самовградлив бетон; За определување на својствата во свежа состојба се изведуваат два методи на испитување: Slump-flow метод за испитување на цементна паста и V-funnel метод за испитување на цементен малтер. Резултатите и пресметките добиени од овие методи се искористени за добивање на реолошките својства на малтерот. На експериментален начин ќе биде прикажано влијанието на цементот во малтерот за самовградлив бетон како можност полесно и побрзо да се добие посакуваниот состав. Реологијата е земена во рамките на истражувањето со цел да се опишат својствата на свежиот малтер (влијанието на составот на рецептурата и однесувањето при течење).
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7148
Appears in Collections:Faculty of Civil Engineering: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

18
checked on May 30, 2020

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.