Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7147
Title: Влијание на летачката пепел врз сулфатната отпорност на цементот
Authors: Хаџиевска Кристина
Аранѓеловски Тони
Фиданчевска Емилија
Владичевска Љупка
Поповска Марјана
Keywords: Летачка пепел; Сулфатна корозија; Сулфатна отпорност; Метода на Koch&Steinegger
Issue Date: Oct-2019
Publisher: Друштво на Градежни Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје
Source: Hadzievska K., Arangjelovski T., Fidanchevska E., Vladichevska Lj., Popovska M., “Influence of fly ash on the sulphate resistance of cement”, MASE 18th International Symposium, Ohrid, 2nd – 5th October 2019, ISBN 978-608-4510-35-2
Series/Report no.: Современи материјали;ММ-5
Conference: 18-ти Симпозиум на Друштво на Градежни Конструктори на Македонија
Abstract: Во овој труд се презентирани резултатите од експерименталните истражувања на влијанието на летачката пепел од РЕК Битола врз сулфатната отпорност на лабораториски произведени цементи. За таа цел, најпрво е извршена карактеризација на составните компоненти на цементот: клинкер, гипс и летачка пепел. Лабораториските цементи се приготвени со варирање на количината на летачка пепел како замена за клинкерот. Оваа замена изнесува 0 до 50%, односно направен е чист цемент и цементи со 11%, 20%, 30%, 40% и 50% летачка пепел. Вака приготвените цементи се испитани од аспект на хемиски состав и физичко-механички карактеристики. За утврдување на сулфатната отпорност на лабораториските цементи се користени препораките на Техничкиот комитет за цемент дефинирани во МКТИ CEN/TR 15697 Цемент – Испитување на сулфатна отпорност – Извештај за најнови методи, поточно методата на Koch & Steinegger со мали пробни тела. Од спроведените експериментални истражувања во овој труд може да се заклучи дека цементите со додаток на летачка пепел во поголеми количини (30%, 40% и 50%) покажуваат сулфатна отпорност и дека истите може да се применуват како сулфатно отпорни цементи. При тоа, најдобро однесување во сулфатен раствор покажува цементот со 30% летачка пепел замена за клинкер изразен со коефициентот на сулфатна отпорност Sr кој е еднаков на 1.63 и е поголем од минималната вредност од 0.7 според методата на Koch & Steinegger.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7147
Appears in Collections:Faculty of Civil Engineering: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

21
checked on May 25, 2020

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.