Експериментална и аналитичка анализа на АБ елементи изложени на долготраен постојан товар
Date Issued
2019-10
Author(s)
Стојкоска Евгенија
Доцевска Марија
Наков Дарко
Аранѓеловски Тони
Марковски Горан
Abstract
Влијанието на собирањето и течењето на бетонот врз однесувањето на армиранобетонските елементи најчесто се проверува преку граничните состојби на употребливост: контрола на напрегањата, пукнатините и деформациите - угибите. Под дејство на постојан долготраен товар, деформациите на елементот во тек на време постепено се зголемуваат при што може да достигнат неколку пати поголема вредност од почетната. Доколку температурата остане константна, прирастот на деформациите во тек на време се должи на собирањето и течењето на бетонот.
Со цел да се утврди влијанието на различниот интензитет на долготрајниот постојан товар врз однесувањето на армиранобетонските елементи во тек на време, реализирана е
експериментална програма која се состои од изработка и следење на осум армиранобетонски греди и соодветен број пробни тела во лабораториски простор со постојана амбиентална температура и влажност. Седум од гредите товарени се со различен интензитет на товар, при што кај шест од нив во разгледуваниот временски период се појавуваат пукнатини. На една од гредите не е нанесен товар и кај неа се следени само деформациите од собирање на бетонот.
Преку експерименталната анализа добиена е слика за однесувањето на армиранобетонските елементи изложени на дејство на долготраен постојан товар со различен интензитет, како и за неговото влијание врз граничните состојби на употребливост. Исто така извршена е и споредба со резултатите добиени со современите аналитички модели во прописите и стандардите.

Subjects