Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7144
Title: Методи за определување на динамичкиот коефициент од подвижните товари кај армиранобетонски мостови
Authors: Јанев Дејан
Аранѓеловски Тони
Наков Дарко
Марковски Горан
Keywords: Динамички коефициент; Фактор на динамичко влијание; Армиранобетонски мостови; Пробно товарење, Обработка на сигнали
Issue Date: Oct-2019
Publisher: Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, Градежен факултет Скопје
Source: Janev D., Arangjelovski T., Nakov D., Markovski G., “Methods for determination of the DAF from moving loads on RC Bridges”, MASE 18th International Symposium, Ohrid, 2nd – 5th October 2019, ISBN 978-608-4510-35-2
Conference: 18-ти Меѓународен Симпозиум на Друштвото на Градежните Конструктери на Македонија
Abstract: Динамичкиот ефект од подвижните товари кај патните аб. мостови кој се користи при определување на големината на сообраќајните натоварувања најчесто се воведува преку т.н. динамички коефициент. Всушност тој покажува за колку пати се зголемуваат влијанијата добиени од статичкото дејство на товарот. Динамичкиот коефициент зависи од повеќе параметри: распонот на мостот, рапавоста на подлогата, тежината, бројот на оските и брзината на движење на возилата, нивната положба итн. Покрај наведените параметри, интензитетот на динамичкиот коефициент зависи и од применетите методи за негово определување. Предмет на истражување во овој труд е примената на различни методи за определување на динамичкиот коефициент. За таа цел, искористени се резултати од извршени динамички испитувања на мостови со пробно товарење на автопатот Миладиновци - Штип. Како релевантен, одбран е еден карактеристичен објект изработен од претходно напрегнат бетон, со статички систем проста греда и полумонтажен начин на градење. При испитувањето извршено е мерење на угиби преку кои е определен динамичкиот коефициент. За обработка и анализа на измерените сигнали користени се соодветни методи за нивна трансформација и филтрирање. Со обработените резултати извршена е анализа и споредба помеѓу определените вредности на динамичкиот коефициент. Овие анализи овозможуваат да се проучи влијанието од употребата на различна мерна техника и методи за определување на динамичкиот ефект од подвижните товари. Со тоа, направен е обид да се предложи со кои мерни инструменти и методи на определување на динамичкиот коефициент се добиваат поверодостојни резултати за вредноста на истиот.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7144
Appears in Collections:Faculty of Civil Engineering: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

10
checked on May 25, 2020

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.