Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7143
Title: Пробно товарење на мостовите Б1 и Б5 на автопатот Демир Капија - Смоквица
Authors: Чубриновска Александра
Геговски Дејан
Коцева Софија
Јанев Дејан
Наков Дарко
Аранѓеловски Тони
Keywords: пробно товарење; аб. мостови; статички товар; угиби
Issue Date: Oct-2019
Publisher: Друштво на Градежните Конструктори на Македонија, Градежен Факултет Скопје
Source: Chubrinovska A., Gegovski D., Koceva S., Janev D., Nakov D., Arangjelovski T., “Proof load testing of the bridge B1 and B5 on highway section Demir Kapija – Smokvica”, MASE 18th International Symposium, Ohrid, 2nd – 5th October 2019, ISBN 978-608-4510-35-2
Conference: 18-ти Меѓународен Симпозиум на Друштвото на Градежни Конструктори на Македонија
Abstract: Пробното товарење на мостовските конструкции согласно нашите стандарди е дел од процесот за предавање на објектот во употреба. Пред почетокот на испитувањето се дефинира програмата за испитување која го опфаќа текот на испитувањето, интензитетот на оптоварувањето, положбата на пробниот товар, диспозицијата на мерните места и мерните инструменти. На делницата Демир Капија – Смоквица, дел од Kоридорот X, беше спроведено статичко и динамичко испитување на вкупно 12 мостовски конструкции. Во рамките на овој труд се издвоени резултатите од измерените и пресметаните угиби при статичкото испитување на две каратеристични конструкции, мостот Б1(статички систем проста греда) и вијадуктот Б5 (статички систем рамка). За таа цел беа дефинирани и реализирани соодветен број фази на товарење. Статичкото товарење беше спроведено со пробен товар составен од четири (Б1), односно осум (Б5) возила, кои предизвикуваат влијанија од околу 70% од проектните. Во зависност од пристапноста на теренот користени се геодетски мерења и механички угибомери. Измерените угиби се споредени со пресметаните од претходно изготвените нумерички модели, со цел да се провери дали реалното однесување на конструкција одговара со теоретско претпоставеното. Од спроведената компарација, може да се согледа задоволително совпаѓање помеѓу измерените и пресметаните угиби.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/7143
Appears in Collections:Faculty of Civil Engineering: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

10
checked on May 30, 2020

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.