Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6992
Title: Природни сукцесии во шумите од Националниот парк „Маврово“
Other Titles: Natural Succession Processes of the Forests in the National Park Mavrovo
Authors: Симовски, Бојан 
Keywords: природни сукцесии, шумски заедници (фитоценози), синдинамски процеси, Национален парк „Маврово“
successional processes; forest communities; stand dynamics; National Park Mavrovo
Issue Date: 6-Jul-2015
Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Шумарски факултет во Скопје
Source: Бојан Симовски. „Природни сукцесии во шумите од Националниот парк ‘Маврово’“. (Дoкторска дисертација во ракопис). Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Шумарски факултет. Скопје, 2015. 205 стр. http://hdl.handle.net/20.500.12188/6992
Series/Report no.: ;УКИМ–ШФС арх. бр. 10-833/1 од 29.12.2014 г.
Abstract: Територијата на Националниот парк денес изнесува околу 73 000 хектари, опфатени во најголем дел по падините на планините Шар Планина, Кораб (со највисоките врв и водопад во Република Македонија), Бистра и течението на реката Радика со нејзините притоки. Исто така, во неговите граници се наоѓа и мавровската хидроакумулација. Од утврдените 148 растителни заедници во Македонија, во НП „Маврово“ се констатирани 28 шумски заедници (од нив 4 се окарактеризирани како крајречни, 18 типични шумски и 6 деградирани шумски формации). Во оваа докторска дисертација се истражени сукцесивните процеси на шумските заедници застапени на територијата на Националниот парк „Маврово“ преку анализа на површините под шумска растителност во минатото и денес, односно преглед на застапените шумски фитоценози, односот кон месторастежните услови (aбиотски и биотски фактори) и синдинамскиот развој. Притоа, детално се анализирани антропозоогениот и климатскиот фактор на влијание врз развојот на шумите и обратно, како едни од највлијателните еколошки фактори врз шумските сукцесии во истражуваното подрачје. За истражените шумски заедници се изработени фитоценолошки карти. Добиените резултати за влијанието на абиотскиот и биотскиот фактор врз сукцесивните процеси на фитоценозите, особено во зоните под строга заштита, ќе укажат и на јасни насоки за нивна соодветна заштита и насоки за практично управување на Националниот парк „Маврово“ во однос на шуми од ваков карактер. The territory of the National Park Mavrovo is around 73 000 hectares, covering mostly the slopes of the mountains or mountain ranges of Mt. Shar Planina, Korab (the highest peak and waterfall in Macedonia), Bistra and along the river Radika and its tributaries. Also, in the Park is allocated the Mavrovo artificial hydro accumulation. 148 identified plant communities are found in Macedonia, and in NP Mavrovo are determined 28 forest communities (of which 4 are characterized as riparian forest communities, 18 typical forest communities and 6 degraded forest formations). The subject of this PhD thesis are the natural stand dynamics of forest communities present in the territory of the Park by analyzing the areas under forest vegetation in the past and today, meaning stand development of the domicile forest communities, response to site conditions (abiotic and biotic factors) i.e. the syn-dynamic development. Furthermore, highlighted are the anthropo-zoogenic and climate factors influencing the development of the forests and vice versa, as one of the most influential environmental factors on forest stand dynamics in the area under research. Forest communities are represented on phytocoenological distribution maps within the Park boundaries. The results for the impact of abiotic and biotic factors on forest stand dynamics, particularly in areas under strict protection, suggest clear guidelines for their proper protection and guidance for the sustainable management of the National Park Mavrovo regarding the development of different forest types.
Description: Докторска дисертација
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6992
Appears in Collections:Faculty of Forestry: PhD Theses

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
d_r_bojan_simovski_2015.pdfFull text: Macedonian (with English abstract)6.83 MBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

36
checked on Jul 13, 2020

Download(s)

42
checked on Jul 13, 2020

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.