Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6814
Title: Сексуално образование за лица со попреченост – можност или предизвик?!
Authors: Станојковска Трајковска, Наташа 
Keywords: сексуално образование, лица со попреченост, можност, предизвици
Issue Date: 2016
Publisher: Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА
Source: Станојковска Трајковска, Наташа. (2016). „Сексуално образование за лица со попреченост – можност или предизвик?!“
Conference: Консултации за образование за сексуално и репродуктивно здравје
Abstract: Предмет на истражување: Анализа на состојбата со реализација на содржини од областа на сексуално образование за лица со попреленост во Република Македонија и нотирање на предлози за подобрување на состојбата во насока на сеопфатно сексуално образование. Цел на истражувањето: Истражувањето е направено со цел да се извлечат досегашните резултати во ова подрачје и да се направи дистинкција на можностите кои им се нудат на лицата со попреченост наспроти предизвиците кои се пред воспитно-образовниот, здравствениот и системот за социјална заштита. Методологија: Истражувањето беше направено со помош на методолошката техника анализа на содржина. Резултати: Анализата покажува дека лицата со попреченост имаат наставни содржини кои ги опфаќа сеопфатното сексуално образование во рамките на предметот Животни вештини за сите други категотии, односно во рамките на подрачјето Сескуално воспитание за корисниците на дневните центри, но за жал во пракса овие наставни единици или во целост се избегнуваат или сосема малку и површински се обработуваат. Анализата на спроведените истражувања покажува дека многу малку се запознаени и стручните лицата кои треба да ги спроведуваат овие активности со начинот на кој можат најпластично да им ги доловат содржините. Во исто време не постојат прилагодени материјали и нагледни средства кои ќе можат да ја олеснат реализацијата на содржините. Ниту свеста на средината, родителите и стручните лица кои работат со лицата со попреченост, не одат во прилог на менување на ставот за сексуалноста и реализацијата на содржини од областа на сексуално образование. Препораки: Неминовно е кревањето на јавната свест за правата, можностите и способностите на лицата со попреченост со медиумско покривање, се со цел менување на јавната свест. Сите лица кои се вклучени во воспитно-образовниот процес со лицата со попреченост треба да бидат обучени како да ги реализираат активностите, во исто време и здравствените работници да бидат сензибилизирани за лицата со попреченост. Родителите треба да бидат вклучени во делот на информираноста, но и менувањето на ставот за сексуалноста на нивните деца. Декларативно инклузивното општество треба да овозможи пристапни институции и достапни информации за сите категории со попречсност.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6814
ISBN: 978-608-4598-69-5
Appears in Collections:Faculty of Philosophy, Collection 03: Book chapters / Делови и поглавја од книги

Show full item record

Page view(s)

16
checked on Jun 5, 2020

Download(s)

3
checked on Jun 5, 2020

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.