Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6652
Title: Математичко моделирање и задачи на Ферми во наставата по математика
Authors: Suminoska, Biljana
Stojkovska, Irena 
Keywords: математичко моделирање, настава по математика, задачи на Ферми, критичко размислување.
Issue Date: 23-Sep-2017
Publisher: Природно-математички факултет, Скопје
Journal: Математички омнибус
Conference: Работилница „Математиката и предвидувањата“, 16 мај 2016, ПМФ, Скопје
Abstract: Математичко моделирање е активност која ни овозможува да дадеме математички модел на зададена ситуација од секојдневниот живот. Нејзиното решение ни дава подобра слика и разбирање на оригиналната ситуација. Од друга страна, реалната ситуација може да дозволи и креирање на повеќе математички модели кои ја опишуваат „подеднакво добро“. Математичкото моделирање во наставата по математика помага за развивање на креативноста, истражувачкиот дух, помага при суштинското разбирање на интеракцијата меѓу математиката и реалноста, но и за вежбање на предвидувачките способности на учениците. Задачи кои се решаваат со математичко моделирање и со кои може да се вежбаат и предвидувачките способности, се задачите на Ферми, именувани според нобеловецот Енрико Ферми. Овие задачи најчесто подразбираат правење проценки за одредена величина. Карактеристично за овие задачи е што при нивното решавање се бараат длабоки математички и логички вештини, а се бара и критичко размислување, искуство од животот, како и способност да се раздробат посложените задачи на помали дискретни, решливи делови. Во овој труд, најнапред ќе го дефинираме попрецизно поимот математичко моделирање, ќе изложиме дел од резултатите од спроведената анкета за тоа како нашите наставници го разбираат математичкото моделирање. Потоа, ќе се осврнеме на разликата меѓу традиционалното решавање на проблемски задачи и математичкото моделирање. На крајот, низ конкретни примери и резултати од спроведените истражувања, ќе ја илустрираме примената на математичкото моделирање во наставата по математика преку решавање задачи на Ферми.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6652
Appears in Collections:Faculty of Natural Sciences and Mathematics: Conference papers

Show full item record

Page view(s)

112
checked on Apr 25, 2024

Download(s)

178
checked on Apr 25, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.