Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/34003
Наслов: | ВЛИЈАНИЕ НА ГЕОМЕТРИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА НЕКОИ СОСТАВИ ДОБИЕНИ СО ОБРАБОТКА НА CNC - МАШИНА ВРЗ ЈАКОСТИТЕ КАЈ КОНСТРУКЦИИТЕ НА СТОЛОВИ ОД ДРВО | Authors: | Nikola Mihajlovski | Keywords: | геометриски карактеристики, состави од чеп и отвор, толеранции и налегнувања | Issue Date: | 2025 | Abstract: | Типот на налегнувањето и точноста на обработка на составите со чеп и отвор имаат влијание врз јакостите, а со тоа и врз издржливоста на дрвените столови. Во финалното производство за овој вид на состави се препорачува цврсто налегнување со преклоп од 0.1 до 0.2mm. Со развојот на CNC технологијата, денес во подем се машини таканаречени “CNC центри” со повеќе последователни операции за изработка на финални елементи од мебел. Точноста на мерењето е дел од производствената метрологија и е од пресудно значење за запазување на толеранциите и налегнувањата. Поради големата точност и брзина на мерење се почесто се користат координатни мерни системи каде најзастапени се координатните мерни машини (CMM). Во системот на стандарди GPS (Geometrical product specifications) пропишана е една матрица која ги опфаќа сите геометриски карактеристики на производот: димензии, облик, правец, положба, агли, како и квалитетот на површините. Целта на ова истражување е да се добијат информации за влијанието на квалитетот на обработка, искажан преку геометриските карактеристики на составите од чеп и отвор добиени со обработка на CNC машина врз јакостите кај конструкциите на столови. Експерименталното истражување беше изведено на три најчесто употребувани состави од чеп и отвор. Пробните парчиња беа изработени од буково дрво (Fagus Sylvatica). Еден дел од составите беа изработени со конвенционална технологија, а другиот дел со CNC технологија. Лепењето на составите беше извршено со поливинил ацетатно лепило (PVA) тип D2. Мерењето на геометриските карактеристики на пробните парчиња беше извршено на СММ - координатна мерна машина. Рапавоста на површините беше мерена со контактен метод и дефинирана со параметрите Ra, Rz и Rmax. Предмет на испитување од механичките својства на составите беа јакоста на свивање и јакоста на истегнување. При изработка на состав од овален чеп и отвор изработен на CNC технологија, дебелината на чепот е во НТ 10, а на отворот НТ 40 класа на точност на обработка. Отстапувања од номиналната мера кај геометриските карактеристики на составот имаме во кружност, паралелност, правоаголност и симетричност со вредност од -0.026mm до 0.470mm. Добиена рапавост на површината при изработка на чепот е Ra = 10.1μm, Rz = 75.3μm и Rmax = 91.8μm. Составите кај кои имаме налегнување со преклоп од -0.1 mm до -0.2 mm, јакоста на кршење при свивање е значајно поголема за 17.4% од силата на кршење на составите каде имаме неизвесно или лабаво налегнување. Составите кои имаат неизвесно или лабаво налегнување имаат еднаква сила на кршење при истегнување со составите кај кои налегнувањето е со преклоп. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/34003 |
Appears in Collections: | Faculty of Design and Technologies of Furniture and Interior: PhD Theses |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
Desertacija_Nikola Mihajlovski.pdf | 3.38 MB | Adobe PDF | View/Open |
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.