Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/33858
Наслов: | Новата европска конфликтна (р)еволуција за вондоговорната одговорност за надомест на штета | Authors: | Дескоски Тони; Доковски Вангел | Keywords: | судир на закони, вондоговорна одговорност, надомест на штета, Регулатива Рим II, Хашка конференција за меѓународно приватно право. | Issue Date: | 2022 | Publisher: | Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ | Abstract: | Проучувајќи ја историската генеза на меѓународното приватно право, несомено ќе заклучиме дека својот развој оваа правна гранка го должи пред сѐ на развојот на теориите за решавање на судирот на законите. Статутарните објаснувања на судирот на законите долго време го имаа својот примат кај секој што го проучуваше меѓународното приватно право. Но, со појавата на американската конфликтна револуција, започна новиот пристап кон изучувањето на меѓународното приватно право, насочен кон идентифиување на најтесната поврзаност на односот со правниот поредок кој треба да биде во примена и давање на пошироки овластувања на судиите при креативниот процес на определување на меродавното право. И навистина, американската конфликтна револуција долг временски период го имаше приматот во обликувањето на меѓународното приватно право. Но, со зајакнувањето на легислативната активност на Европската Унија, како и пасивноста на американските теоретичари во последните години, полека на сцената настапува европската конфликтна револуција која го менува изгледот на меѓународното приватно право. Со донесувањето на голем број регулативи со кои Европската Унија во суштина создаде Европско меѓународно приватно право, се чини именувањето на новиот период како европска конфликтна револуција е сосема оправдано. Па така денес, сѐ повеќе се развива нов правец на размислување во теоријата на приватното право, кој има за цел да биде познат како „права“ односно како „анализа на правата“. Овојправец на анализа подразбира да се развие разбирање на приватното право на облигациите, водено пред сѐ или исклучиво од признавање на правата кои ги имаме еден спрема друг. Во овој текст авторите вршат анализа Регулатива на Парламентот и на Советот на Европската Унија бр. 864/2007 за меродавно право за вондоговорната одговорност (Рим II) (во натамошниот текст: Регулатива Рим II), низ призмата на патот на нејзиното донесување и односот со Хашката конференција за меѓународно приватно право. Авторите поаѓаат од хипотезата во услови на зголемена легислативна активност во делот на унифицирање на правилата на меѓународното приватно право во рамките на Европската Унија, се создава вистинско европско меѓународно приватно право, кое врши и директно влијание врз меѓународното приватно право на трети држави. Основната цел на овој труд е да се анализира процесот на создавање на еднообразни правила за решавање на судирот на законите кај вондоговорната одговорност. За таа цел, авторите ја анализираат наведената Регулатива и Хашките конвенции кои содржат правила за решавање на судирот на законите кај вондоговорната одговорност. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/33858 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
Новата европска конфликтна (р)еволуција за вондоговорната одговорност за надомест на штета .pdf | 593.73 kB | Adobe PDF | View/Open |
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.