Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/33839
Наслов: (Управно)судска заштита на правото на квалитетен амбиентен воздух
Authors: Павловска-Данева, Ана
Битраков, Константин
Keywords: квалитетен амбиентен воздух, план за заштита на воздухот, управен спор, управно судска заштита, судска заштита
Issue Date: 2022
Publisher: Македонска академија на науките и уметностите
Journal: Зборник на Охридската школа на природно право 2019-2021 година „Societas et Sciencia“
Series/Report no.: Societas et Sciencia;
Abstract: Не постои потреба особено да се елаборира дека правото на (дишење) квалитетен амбиентен воздух претставува едно од фундаменталните човекови права. Евидентно, правото на квалитетен амбиентен воздух тангира и бројни други човекови права. Тука особено би се издвоиле правото на живот и правото на чување и унапредување на сопственото здравје. Како такво, правото на квалитетен амбиентен воздух имплицира повеќе обврски за државите. Односно, државите мораат да преземаат извесни дејствија со цел индивидуите ефективно да го уживаат правото на квалитетен воздух. Овие обврски ги сумира Специјалниот известувач за човековите права и животната средина на Обединетите нации во својот извештај A/HRC/40/55. Помеѓу нив се јавува и обврската за развој, усвојување и спроведување на планови за зашита на воздухот. Ваква обврска е предвидена во Законот за квалитетот на амбиентниот воздух на Република Северна Македонија. Сепак, практиката покажува планови за заштита на амбиентниот воздух не се донесуваат (што значи дека, сосема логично, не се ни спроведуваат). Оттука, во овој труд се поставува прашањето – дали граѓаните на Република Северна Македонија имаат на располагање судска заштита во случај кога јавните органи не ги исполнуваат своите законски обврски, односно не донесуваат планови за заштита на амбиентниот воздух? Основната хипотеза, пак, е дека судската заштита може да ја пружаат управните судови во управен спор. На таа линија се и компаративните примери понудени во текстот.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/33839
ISBN: 978-608-203-348-8
Appears in Collections:Faculty of Law: Journal Articles

Files in This Item:
File SizeFormat 
Societas-et-Scientia-2020-2021.pdf2.21 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.