Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/33681
Title: | Скрининг за прематурна ретинопатија за предвремено родени бебиња во Република Северна Македонија – 15-годишни резултати (2009 - 2024) | Authors: | Татеши Беким Исјановски Игор Кленкоски Сузана |
Keywords: | скрининг прематурна ретинопатија (РОП) прематуруси родилна тежина (РТ) гестациска недела (ГН) ласерфотокоагулација (LFC) |
Issue Date: | Mar-2024 | Publisher: | Лекарска комора на Македонија | Journal: | Vox Medici | Abstract: | Цел: Прематурна ретинопатија (РОП) претставува вазопро лиферативно заболување на незрелата ретина кај предвреме но родените деца којашто може да доведе до тешко оштетува ње на видот или до слепило. Претставува водечка причина за тешка слабовидност и слепило кај децата во многу земји од светот. Целтанаовојтрудедасеанализираможностазаразвој на РОП и потребата од скрининг и третман кај предвремено ро дените новороденчиња, родени во Северна Македонија во пе риодот од 20092024 година. Материјали и методи: Во оваа ретроспективна студија беа анализирани податоците за предвремено родените бебиња кои беа следени во периодот од 2009 2024 година. Во Репуб лика Северна Македонија за скрининг на РОП се користат пре пораките од Американското здружение за детска офталмоло гија и страбизам, каде што се јасно дефинирани условите за вклучување во скрининг програмата за РОП на сите прематуру си со родилна тежина (РТ) од 1500 гр. или помалку и/или роде ни во 30 гестациска недела (ГН) или порано и селектирани но вороденчиња со родилна тежина помеѓу 1500 и 2000 грама, но со нестабилен клинички тек. Резултати: Според анализираните податоци, од вкупно 20261 извршени прегледи, согласно усвоените критериуми и препораките за РОП, скринингот е спроведен кај 6256 предвре мено родени бебиња. Скринингот резултираше со откривање на активна прематурна ретинопатија со апсолутна индикација за активно лекување и третман кај 686 прематуруси. Дополни телно, 390 прематуруси се третирани со ласер фотокоагула ција, додека пак 296 се третирани со antiVEGF терапија. Заклучок: Резултатите заклучија дека за предвремено ро дените новороденчиња, родени во 30 гестациска недела (ГН) или порано и/или родилна тежина (РТ) 1500 гр. или помалку и избрани прематуруси со родилна тежина помеѓу 1500 гр. и 2000 гр., но со нестабилен клинички тек и неонатолошка про цена за висок ризик, задолжително треба да се изврши скрининг за РОП. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/33681 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
20240403_082516_LKM broj 122 - small-2.pdf | 6.44 MB | Adobe PDF | View/Open |
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.