Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/32536
Наслов: | Новиот концепт на помилувањето во Република Северна Македонија | Authors: | Груевска Дракулевски, Александра, Мисоски, Бобан, Спасов, Александар | Keywords: | помилување, аболиција, казна, гонење, закон. | Issue Date: | 2023 | Journal: | Македонска ревија за казнено право и криминологија | Series/Report no.: | ;1-2 (2023) | Abstract: | Авторите на трудот се осврнуваат на новиот предлог на Законот за помилување, кој претставува значајна реформа на помилувањето во нашата држава. Актуелниот Закон за помилување е донесен во 1993 година, изменет во 2009 и во 2016 година, а измената и дополнувањето на Законот од 2009 година се укинати со Одлука на Уставниот суд во 2016 година. Во изминатите години, Законот за помилување беше проследен со низа контроверзии за кои сè уште се водат постапки пред ЕСЧП. Во новиот предлог на Законот се предвидува суштинска измена во смисла на напуштање на аболицијата (ослободување од гонење), односно се предвидува можноста за помилување само лица осудени со правосилна судска пресуда. Во трудот, авторите посебно ги истакнуваат предностите на ваквиот концепт, кој ја минимизира можноста за злоупотреби на институтот помилување во политички цели. Исто така, авторите критички се осврнуваат и на други аспекти што претставуваат новини во предлогот на Законот. Донесувањето на новиот Закон за помилување неминовно е поврзано со измени на Кривичниот законик на Македонија. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/32536 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
AGD BM AS copy.pdf | 267.46 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.