Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32181
Наслов: КОНЦЕПЦИСКО РЕШЕНИЕ ЗА НОВ ХИДРОЈАЗЕЛ НА ЈАЛОВИШТЕ, ДЕЛ ОД КАСКАДЕН СИСТЕМ СО ПОСТОЈНО ХИДРОЈАЛОВИШТЕ
Authors: Стевчо Митовски, Љупчо Петковски, Фросина Пановска
Keywords: хидројаловиште, најповолна конфигурација, јаловишна брана, придружни објекти
Issue Date: 2022
Publisher: Здружение Македонски комитет за големи брани
Conference: Втора конференција за хидројаловишта
Abstract: Првиот проблем што се поставува кај инженерска задача - создавање на потребен простор во одредена речна долина за одлагање на флотациска јаловина од технолошки процес на рудник - се состои во изборот на најповолен преграден профил и оптимален тип на брана (јаловишна или конвенционална). Оваа инженерска задача, која, всушност, не може да се издвои од задачата за избор на најповолна конфигурација на придружните објекти на хидројаловиштето, се карактеризира со висок праг на неодреденост. Затоа, единствениот можен пристап е методологија, која, генерално, се состои од четири чекори: (а) избор на релевантни критериуми за вреднување на варијантните решенија; (б) идентификување одреден број варијантни решенија; (в) разработка на варијантите на исто ниво на проектна документација и изедначување на истите според техничка сигурност; и (г) споредба на варијантите според економски показател (најчесто, минимизација на актуализирани трошоци), и дополнителна проверка на избраното решение според немерливи показатели (еколошки, социолошки). Предметниов реферат е илустриран со резултати од истражувањето за најповолен профил на јаловишна брана и најповолна конфигурација на придружните објекти во долината на Крива Река, со која треба да се обезбеди максимален корисен простор за депонирање на флотациската јаловина од рудникот „Тораница“, Крива Паланка, Република Македонија
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/32181
Appears in Collections:Faculty of Civil Engineering: Conference papers

Files in This Item:
File SizeFormat 
13 2 konferencija za hj2022 01.pdf888.56 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

26
checked on 3.5.2025

Download(s)

8
checked on 3.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.