Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/31494
DC Field | Value | Language |
---|---|---|
dc.contributor.author | Марина Стојановска, Катерина Русевска, Ламбе Барандовски, Владимир Петрушевски | en_US |
dc.date.accessioned | 2024-10-04T07:32:40Z | - |
dc.date.available | 2024-10-04T07:32:40Z | - |
dc.date.issued | 2023 | - |
dc.identifier.citation | Марина Стојановска, Катерина Русевска, Ламбе Барандовски, Владимир Петрушевски. Природните науки низ игра: Escape room како дел од DiSSI активностите. Зборник на трудови од Третата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, Природно-математички факултет, Скопје, 6-8 мај 2022, 210-216 (2023). | en_US |
dc.identifier.uri | http://hdl.handle.net/20.500.12188/31494 | - |
dc.description.abstract | т. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат наставниците денес е да одржат активно учество и да ги мотивираат учениците за работа на часот. Пристапот базиран на игра може да биде многу корисен метод за да се постигне оваа цел и да им се овозможи на учениците да преземат одговорност за своето учење, создавајќи на тој начин средина за учење насочена кон учениците. Работејќи во група, учениците разменуваат мислења и заеднички се обидуваат да дојдат до решението или да победат во играта. На овој начин тие се забавуваат во текот на играта, но истовремено и учат, со што се раѓаат и нови идеи. Соработката им помага да го конструираат сопственото знаење и да ги надминат евентуалните пропусти во знаењето. Новина во образовниот процес се т.н. escape room активности, кои може да се применат за било кој предмет и за било која содржина. Escape room пристапот станува сè поприсутен во наставниот процес и буди голем интерес кај наставниците и учениците. Преку вакви активности учениците ги совладуваат концептите на начин кој се разликува од традиционалниот, а тоа создава позитивна атмосфера за учење. Во рамки на проектот „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“ (DiSSI) дизајнирани се escape room активности на три различни теми: екологија, струјни кола и гасови. Активностите се наменети за едукација на учениците за значењето на природните науки во секојдневниот живот, зголемување на нивната мотивираност за изучување на природните науки и размислување за идна кариера поврзана со СТЕМ, како и за поддршка на сегашните и идните наставници по природни науки во препознавањето на различните димензии/аспекти на разновидноста во класовите. | en_US |
dc.language.iso | mk | en_US |
dc.publisher | Сојуз на математичари на Македонија Природно‐математички факултет, Скопје | en_US |
dc.subject | : escape room, DiSSI, гасови, екологија, мотивација, СТЕМ, струјни кола | en_US |
dc.title | Природните науки низ игра: Escape room како дел од DiSSI активностите | en_US |
dc.type | Article | en_US |
dc.relation.conference | Трета меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки Природно‐математички факултет, Скопје 6 – 8 мај, 2022 | en_US |
item.fulltext | No Fulltext | - |
item.grantfulltext | none | - |
Appears in Collections: | Faculty of Natural Sciences and Mathematics, Institute of Physics: Conference papers |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.