Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31049
Наслов: Кризата предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и нејзините импликации во сферата на работните односи – мерки на „прва помош” за заштита на работниците од посебно ранливите групи
Authors: Каламатиев Тодор
Ристовски Александар
Keywords: Коронавирус COVID-19; работници од посебно ранливи групи; платени отсуства од работа; годишен одмор
Issue Date: 2020
Publisher: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Series/Report no.: Зборник на Трудови;
Conference: ОN-LINE АКАДЕМСКА РАБОТНА МАСА, „ПРАВНО-ПОЛИТИЧКИ И ЕКОНОМСКИ ДИСКУРС ВО ВРЕМЕ НА COVID COVID-19“
Abstract: Во периодот од усвојувањето на првите времени мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирусот COVID-19 во почетокот на месец март до денес, практиката покажа дека правната положба, сигурноста на работниот однос и приходите на одредени категории работници се под посебна закана и затоа е нужно да се преземат одредени, интервентни мерки во насока на превенција и ублажување на негативните здравствени, економски и социјални последици врз нив. Групата ги вклучува, но не се ограничува на следните категории работници: трите категории работници опфатени со времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирусот COVID-19 од 10 март 2020 (еден од работниците-родители на малолетни деца со навршена возраст до 10 години за кои е неопходна грижа; бремените жени и хронично болните лица), работничките на продолжено платено отсуство поради бременост, раѓање и родителство, работниците сместени во карантин или самоизолација, работниците кои се соочуваат со спогодбено раскинување на договорот за вработување (или т.н. бланко отказ од страна на работодавачот), работниците со договори за привремено вработување (работници вработени на определено време, сезонски работници и привремени агенциски работници) и други. Дел од овие работници (поточно, трите категории работници опфатени со времените мерки за заштита и работничките кориснички на платено отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство), беа опфатени и со Уредбите со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба (Сл.весник на РСМ, бр. 90 од 04.04.2020) и за примена на Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.весник на РСМ, бр. 95 од 08.04.2020). Сепак, постоечките правни прописи со кои се уредува правната положба на овие категории работници се нејасни, нецелосни, а по одредени прашања и со сериозни индиции за повреда на уставно загарантирани права.Авторите на овој труд ги детектираат постоечките правни проблеми со кои се соочуваат претходно споменатите категории работници и предлагаат соодветни решенија за исправање на правните грешки и пополнување на правните празнини.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/31049
Appears in Collections:Faculty of Law: Conference papers

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Зборник на трудови - онлајн академска дебата-1.pdf292.45 kBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

137
checked on 5.5.2025

Download(s)

4
checked on 5.5.2025

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.